Холивуд

Клои Кардашијан никогаш НЕ изгледала побујно

Advertisement

Клои откако се разведе од поранешниот сопруг, започна со вежбање и здрав начин на живот кои и помогнаа да изгуби поприличен број килограми, но не и нејзините препознатливи облини кои останаа на свое место.

Advertisement

Не тајна дека сестрите Кардашијан се познати по нивните бујни облини

Но тие не само што не ги кријат, туку и се обидуваат на секој можен начин да ги стават во преден план. Прва во ова беше Ким, но подоцна голема популарност токму поради своите облини стекна и нејзината постара сестра Кортни, како и помладата Клои која во последните неколку години е вистинска фитнес инспирација на жените од целиот свет.

Advertisement

Само да потсетиме, по болното разделување со кошаркарот Ламар Одом, Клои започна со напорни тренинзи во теретана и да се исхранува здраво, па изгуби значителен број килограми, но не и препознатливите Кардашијан облини.

Во последно време се погласно се шушка дека нејзините гоолеми облини се дело на естетски хирург, но Клои мудро молчи за тоа, а последните фотографии покажуваат дека најмладата Кардашијанка изгледа побујно од претходно.

Клои се прошета во тесни фармерки кои ги потпишува нејзиниот бренд „Good American“ кои ги носеше со црна кошула и црни чизми со високи потпетици. 

Пред некое време се шушкаше и дека 33 годишната старлета чека дете со 7 години помладиот избраник, кошаркарот Тристан Томпсон, но главните актери никогаш не ги коментираа таквите натписи што се појавија во американските таблоиди.

Но ако нешто знаеме, тогаш тоа е дека во семејството Кардашијан не постоја тајни, па сигурни сме дека наскоро ќе се дознае и дали е бремена или не.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button