Диети

Како Ким Кардашијан изгуби 15 килограми за само 4 месеци

Старлетата на своите обожаватели на Твитер им откри која е тајната со која ги изгуби килограмите откако се породи.

Таа откри дека ги изгубила килограмите благодарение на тоа што се придржувала до познатата Аткинсова диета која се состои од зголемено внесување на протеини и намалено на јаглехидратите.

„Ким јадеше многу нискокалорични протеини и здрави масти кои што се наоѓаат во лешниците и авокадото, потоа многу овошје и зеленчук, сирење и јаглехидрати, но само во мали колични“, потврди изворот близок до семејството Кардашијан за „US Magazine“.

Поради бебето и доењето Ким не сакала да ослаби на брзина, па затоа ги изгубила килограмите со умерено темпо. Таа во период од 4 месеци изгуби преку 15 килограми, што е сосема доволно за повторно да изгледа одлично. Таа за целото време и редовно вежбала со нејзиниот личен тренер.

Што се однесува до Аткинсовата диета, ѕвездата на реалните шоуа ја има започнато дури откако тоа и било дозволено од страна на нејзиниот личен доктор. Еве накратко за каква диета станува збор:

Аткинсовата диета е диета која се базира на стриктно лимитирање на сите јаглехидрати.

Дали е добро за здравјето? – Не

Станува збор за таканаречената револуционерна диета на Др. Роберт Аткинс, прв пат публицирана уште во 1972г. и сега, неколку декади покасно, таа е една од најпопуларните во светот и е вистински бренд на ова поле.

И додека самата диета беше менувана во текот на изминатите 40-тина години, основата на истата остана иста, докажувајќи дека кога правилно ќе се применува, вишокот сало и масни наслаги НЕ се враќаат назад.

Самата програма го лимитира внесувањето на јаглехидрати при консумирањето на храна, со што се забрзува метаболизмот и на големо започнува топење на мастите. Единствен проблем со оваа диета е во тоа што ниското ниво на јаглехидрати и брзото топење на мастите не е воопшто добро за кардиоваскуларниот систем на телото.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button