CelebrityНаши ѕвезди

Кики Рахимовски и една фатална жена снимаа спот во Куклици – се врати во земјата на татка си Аки

Овој албум им го посветив на моите родители, од лични причини.

Advertisement

Во амбиентот на живописниот археолошки локалитет Куклици (Кратовско, од десната страна на Крива Река), Кики Рахимовски го сними спотот за насловната песна од неговиот најнов албум „Дупли загрљај“ („Двојна прегратка“), во издание на Croatia Records, која ја потпишува неговиот менаџер и композитор Саша Драгиќ.

Со изборот на локацијата, Кики се враќа во земја на своите предци, земја на неговиот татко Аки Рахимовски, легендарниот пејач на Парни ваљак, на место кое, според традицијата, ја крие легендата за скамената свадбена веселба, за младоженците Стојан и Стојна.

Advertisement

Овојпат во спотот, кој го потпишува видео продукцијата на искусниот Александар Ристовски Принц, не станува збор за свадбената легенда, а освен Кики се појавува и една фатална црнка. Станува збор за убавата манекенка Мила Драговиќ, која е дел од модната агенција Моделс Ин, чиј мистичен изглед на ова видео му ја дава потребната интригантност.

Покрај нив двајца, во видеото ќе ги видиме и Саша Драгиќ, како и Емил, тапанарот на многу ангажираниот бенд Бело копче – Tribute to Bijelo dugme.

Спотот за „Дупли загрљај“ е во фаза на монтажа, а фановите на Кики Рахимовски ќе можат да го погледнат заедно со објавувањето на истоименото цеде, кое официјално ќе излезе на пазарот на 19 мај. Инаку, дигитално, албумот им е веќе достапен на фановите, преку сите релевантни музички сервиси.

Advertisement
фото приватна архива

Зборувајќи за новиот албум, Рахимовски истакнува:

– Во изминатите три години пишував некои песни под голем притисок и процесот на пишување не беше лесен – па морав да најдам мир за да продолжам понатаму. Овој албум им го посветив на моите родители, од лични причини. Веќе не сум дете во физичка форма, но ја задржав таа доза на момчешка разиграност и несмасност, љубопитност за тоа каде ме носи музиката додека пеам… Навистина уживам во тоа на мој уникатен начин.

Имам дваесетгодишна музичка кариера полна со подеми и падови и сето тоа ме изградува. Одамна сфатив дека животот не е трка, туку маратон во кој треба многу да научам. Албумот го нареков „Двојна прегратка“. Зошто? Двојна прегратка во љубовта, првата е нежна, а втората не го испушта саканиот. Двојната прегратка може да значи многу. Луѓето раскинуваат, а потоа се смируваат со прегратка. Прегратката е допир на телото. Најмоќното оружје на љубовта. Затоа е двојно затоа што другиот може да ги промени работите – вели Кики Рахимовски.

Новиот албум на Рахимовски содржи десет песни кои носат музички зрели приказни за љубовта, интроспекцијата и блискоста – сето тоа Кики без напор со години го преточува во музика и текстови.

„Дупли загрљај“ е богата колекција песни, создадени во повеќегодишното музичко творештво на Кики, а секоја од нив носи емоции кои неговата публика нема да ја остават рамнодушни.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button