Рецепти
Салата од келераби

Младите келераби ги луштиме и сечеме на нешто подебели парчиња и ги потопуваме во посолена вода, со малку оцет.
Кога келерабите ќе омекнат, го цедиме и ги зачинуваме со масло, оцет, ситно исецкан кромид и лист од магданос. Салатава од келераби може да ја зачиниме и со мајонез, разблажен со павлака.
Потребни состојки:
4 главици келераби
1 главица кромид
Листови од магданос
Масло
Оцет
Сол
Врати се на првата страна.