Еден од најубавите фустани во кој сме ја виделе Кејт Мидлтон
Кејт Мидлтон во модернистичко издание
Погледнете го ова фантастично издание на војвотката од Кембриџ во кое се појави за време на нејзината посета во Варшава. Таа носеше бел фустан со потписот на дизајнерка од оваа земја, Госиа Бачинска. Дизајнерката не е многу позната надвор од границите на Полска, но за неа велат дека е царица на модната сцена во оваа земја. Што се однесува до нејзиниот фустан, станува збор за навистина интересен модел во кој Кејт изгледаше прекрасно.
Фустанот е зачинет со искршени црни линии кои создаваат контраст на белиот материјал и му даваат тродимензионален ефект на фустанот, додека модернистичкиот момент е компензиран со елегантниот детаљ во пределот на ременот во облик на листови. Војвотката го носеше во комбинација со бисерни обетки и ланче направено од нанижани големи бисери, додека на нозете носеше едноставни и по малку старомодни сандали.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Кејт?