Кејт Мидлтон во неочекувано издание – и фустанот и сандалите и се полн погодок!
Кејт Мидлтон не се придржува кон строгиот кралски кодекс на облекување
Кејт покажа неверојатно убава комбинација за време на нејзиното последно патување. Војвотката од Кембриџ која речиси никогаш не го прекршува кодексот на облекување кој владее меѓу дамите од кралскиот двор овој пат не изненади сите со нејзиниот стајлинг. Во прашање е летна комбинација, а фустанот кој го потпишува генијалниот Alexander McQueen одушевува и со голите раменици, романтичниот крој и дефинитивно е маст-хев каков и ние би сакале да имаме во плакарите. Црвената боја не е никаква новост за војвотката од Кембриџ, но тоа НЕ важи и за голите раменици. Покрај фустанот Кејт носеше и сандали со високи потпетици од Prada и тоа секси модел во каков ретко можеме да ја видиме.
Па, големо БРАВО за војвотката за ова нејзино неодоливо издание!