Ќе се наежите – Филип Стојковски ја препеа легендарната македонска „Зајди, зајди“
Често ми ја бараат оваа песна на моите настапи, особено кога со бендот настапуваме надвор од границите на нашата земја и секогаш ми е задоволство да ја пеам, вели Филип.

Младиот македонски пејач кој неодамна се оствари во улогата на татко, Филип Стојковски, ја препеа безвременската „Зајди, зајди“, а неговата маестрална изведба ги воодушеви Македонците ширум светот.
Иако се смета за една од најтешките песни отпеани на македонски јазик и не секој пејач може соодветно да ја отпее, сепак, со својот автентичен глас и силна интерпретација Филип ја донесе во вистинско светло.
– Често ми ја бараат оваа песна на моите настапи, особено кога со бендот настапуваме надвор од границите на нашата земја и секогаш ми е задоволство да ја пеам. Сакав да остане како видео на мрежите за да може јавноста да ја слушне во секое време. Ги пеам и „За Милица“, „Ја излези Ѓурѓо“, „Девојче бело црвено“ и ред други, си ја сакам и почитувам македонската песна и традиција, вели Филип.
Бендот на Филип Стојковски, покрај него како вокал и фронтмен, го сочинуваат и Ангел Глигоров (виолина), Милош Тошевски (бас клавијатури), Никола Стојмановски (клавијатури) и Гоце Узунски (ударни инструменти).
Во продолжение слушнете ја „Зајди, зајди“ и уживајте во изведбата на Стојковски.