Ќе се изненадите како изгледа станот на Џамбазов – и популарниот актер ова не го очекуваше
Прво тетка Даринка, а сега Ферхунде...
Џамбазов во шок, Ферхунде го остави без зборови…
Нашиот познат актер, музичар и писател, Игор Џамбазов, остана без зборови кога се врати и виде што направила Ферхунде.
Станува збор за неговиот домашен миленик со кого живее веќе некое време, но кое овој пат го „изневери“ Џамбазов.
Имено, тој објави снимка од неговиот стан во Козле на која се гледа каков хаос направила Ферхунде – насекаде испокинати перници, душеци од креветите, едноставно целиот простор беше превртен наопаку.
Фејсбук/ Игор Џамбазов
Џамбазов видеото го започна со сликата на која е со Бошко, неговото кученце што го чуваше порано и за кое актерот вели дека било вистински господин, додека Ферхунде во шега ја нарече покондирена скопјанка, виновна за целиот овој хаос што му го направила во домот.
Фејсбук/ Игор Џамбазов
Потсетуваме, Џамбазов неодамна се врати од Канада каде заедно со блуз-виртуозот Гуру Харе имаше настап пред нашите иселеници. Тој тогаш на социјалните мрежи откри дека му недостига Ферхунде, а сподели и уште едно интересно видео што стана вирално.
Фејсбук/ Игор Џамбазов
Имено, Џамбазов на својот настап во Канада ја сретна тетка Даринка, жената што го чувала како мал него и неговата сестра.
Фејсбук/ Игор Џамбазов
Кога слушна дека е во публиката, Џамбазов ја повика на сцената и силно ја гушна, по цели 56 години откако последен пат се виделе.
Фејсбук/ Игор Џамбазов
„Тетка Даринка се обидуваше да нè научи да бидеме добри луѓе и се надевам дека успеа во тоа. А кога конечно ја пронајде љубовта на својот живот, чичко Ѓоко, тој ја побара нејзината рака од мајка ми и татко ми, а тие им дадоа благослов. После тоа заминаа за Канада. Таму станаа успешни луѓе, познати во македонската заедница.На концертот, ја повикав на сцената. Се изгушкавме за сите 56 години во кои не се видовме“, напиша Игор под видеото.
Фејсбук/ Игор Џамбазов
Како изгледаше и овој момент, погледнете во продолжение…