Реклама
Наши ѕвезди

Ќе се изненадите како изгледа денес сопругата на Гоце Арнаудов – неговата ќерка ги израдува сите

Ова беше посебен ден за семејството...

Реклама

Харита Арнаудова, ќерката на легендарниот фолк-пејач Гоца Арнаудов, на својот Инстаграм сподели преубава вест.

Познато е дека Силвија по смртта на Гоце ретко се појавува во медиумите, но сега нејзината ќерка објави неколку нејзини фотки.

Имено, таа сподели неколку фотографии од својата мајка Силвија со кои сите ги изненади, а причината беше посебна.

Маркетинг

За Силвија ова беше посебен ден, па нејзината ќерка реши вака да ја изненади и јавно да и го честита роденденот.

Маркетинг
Инстаграм/ Харита Арнаудова

Таа најпрво сподели фотографии на кои Силвија е си внуките, а потоа и како држи торта со свеќи во форма на бројот 64.

Инстаграм/ Харита Арнаудова

„Среќен роденден на најдобрата баба“, „Мојата роденденска кралица“, напиша Харита на фотографиите што ги сподели.

Инстаграм/ Харита Арнаудова

Она што сите го забележаа е дека Силвија одлично се држи за свои години и дека изгледа прекрасно и во седмата деценија.

Инстаграм/ Харита Арнаудова

Потсетуваме, животот на Гоца Арнаудов згасна на 6 декември 2011 година, а од бракот со Силвија се родија ќерката Харита и синот Оскар.

Фејсбук, Фан страница на Гоце Арнаудов

Покрај нив, Гоце ја имаше и ќерката Кристина, која тргна по неговите стапки, а во младоста и Харита се занимаваше со музика.

И таа беше активна на сцената, но во еден момент репи да се повлече и му се посвети на образованието и семејниот живот.

Инстаграм/ Харита Арнаудова

Харита денес со семејството живее во Охрид и има две ќерки, Каја и Дора, кои денес се гордеат со својот познат дедо.

И како што самата Харита во една пригода откри за Гламур магазин, по раѓањето на Каја, нејзината мајка дошла да ѝ помогне во Охрид. Но наместо да остане 2-3 месеци колку што бил планирано, таа останала неколку години, што секако многу и помогнало во воспитувањето и растењето на ќерките.

Инстаграм/ Харита Арнаудова

Што се однесува до тоа каков бил Гоце како родител, Харита тогаш откри дека со него секогаш имале другарски однос.

„Растев во време кога се практикуваа традиционални мерки на воспитување, но татко ми никогаш не ги примени. Веројатно и немаше потреба затоа што јас и брат ми бевме доста разбрани и воспитани деца. Татко ми немаше потреба никогаш да ни се обрати на повисок тон а камо да применува порадикални мерки“, откри Харита за својот татко.

Инстаграм/ Харита Арнаудова

„Секогаш беше со другарски однос кон нас и како награда за нашето поведение ги исполнуваше сите наши желби“, изјави тогаш Харита за Гламур, па го додаде и следново:.

„Тој не беше некој воспитувач затоа што таа голема должност и беше доверена на мајка ми 😁 Значи за нашето добро поведение сепак е заслужна мајка ми. Тоа што татко ми најдобро знаеше да ни го пренесе беше од областа на музиката, често знаеше да ни раскажува и приказни за нашите предци, преку тие приказни ме научи да си ги знаеме и да си ги почитуваме нашите корени а со тоа да си ја сакаме и земјата“, изјави Харита тогаш во интервјуто за Гламур.

Целото интервју со неа прочитајте го тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button