Несекојдневна исповед на една жена која наместо деца и семејство избрала кариера во животот
Кога имав 28 години основав свој бизнис. Оттогаш, работата драстично се зголемуваше и бараше многу лични жртви, работа преку викенд и празници. Бев зафатена со барање нови клиенти, вработување, обучување и тренирање на вработените, како и со усовршување на моите вештини. Дури и да сакав да имам деца тогаш, тоа не би било изводливо.
Одлуката да немам деца си имаше свои последици и ми донесе некои лични загуби. Иако неколку пати за малку ќе се омажев, никогаш не се одлучив на тој чекор. Секогаш, уште на самиот почеток од врската сум била искрена околу тоа дека не сакам деца, меѓутоа поголемиот дел од моите партнери мислеа дека ќе се премислам кога ќе се заљубам, што секогаш завршуваше со раскинување и тагување.
Зошто воопшто не се каам?
Како што се надевав, одлуката да се откажам од мајчинството ми донесе огромна финансиска слобода. Да имав деца кои ќе требаше да ги издржувам, немаше да биде возможно да потрошам толкава сума на пари на една дополнителна работа. Животот без деца ми овозможи да вложам во себеси на подлабоко ниво: Во работите кои ме прават среќна. Звучи како да не сум размислувала доволно за раѓање деца, но тоа не е точно. Тоа не беше одлука која ја донесов лесно. За тоа беше потребно долго преиспитување. Кога имав 40 години бев во сериозна врска која мислев дека би можела да заврши со брак. Меѓутоа, тој многу сакаше деца. Затоа се преиспитував себеси дали сум премногу нефлексибилна поради одлуката да не раѓам. На крајот, не можев да си ја оправдам постапката да донесам нов човек на светот освен ако не сум во целост решена да се посветам на тоа, и врската заврши. Одлуката да не раѓам излезе дека е паметна лична, а во мојот случај и правилна бизнис одлука. Го следев моето срце и ја слушав сопствената интуиција и навистина ми се допаѓа личноста во која се претворив. Наместо да вложам во семејство, вложив во себеси, а тоа што го добив за возврат вредеше за трудот.
Извор: bizlife.rs