Кафе муабет

Несекојдневна исповед на една жена која наместо деца и семејство избрала кариера во животот

Advertisement

Што се случува со оние кои свесно се откажале од идејата да бидат мајки и кои наместо деца, решиле да и се посветат на својата кариера?

Advertisement

Прочитајте ја исповедта на една жена која искрено зборува како нејзината одлука да се посвети на нејзината професионална кариера наместо да формира семејство влијаело подоцна на целиот нејзин живот. Тоа што немам деца ми овозможи да инвестирам во себеси. Сега многу луѓе на возраст од 50 години плаќаат за образованието на нивните деца, ги финансираат нивните венчавки или им даваат пари за станови… А јас? Да речеме дека мојот живот не се вклопува целосно во тој типичен калап. Пред многу години, одлучив да немам деца за да можам да се посветам на кариерата и да ја зголемам мојата заработка. На некои луѓе овој избор им делува необично, но тој ми донесе среќа и финансиски успех.

Сега кога имам 51 година, сметководителството ми носи шестцифрена бројка на сметката секоја година и го имам целото време на светот да ги истражувам сопствените страсти и да живеам онака како што мислам дека е најдобро.

Advertisement

Како отсекогаш знаев дека мајчинството не е за мене

Да имав поминато сѐ, од пелени до школарина, не би имала шанса сега да уживам во животот. Многу жени го чувствуваат мајчинскиот инстинкт. Мислам дека тоа е прекрасно, на светот му се потребни многу грижливи и посветени мајки. Јас едноставно не се вклопувам во тоа. Се сеќавам дека кога бев мала мислев дека не сакам да бидам мајка кога ќе пораснам. Кога ѝ го кажав тоа на мајка ми, таа ми рече дека ќе го сменам мислењето кога ќе бидам повозрасна. Но, не го променив. Уште во моите рани 20-ти почувствував дека мајчинството не е распоредено во моите „карти“… Мојата желба за независност и откривање на самата себеси изгледа ја надмина потребата за имање деца. Но, ќе излажам ако кажам дека финансиите немаа огромна улога во мојата одлука. Пораснав во стабилно семејство кое припаѓаше на средната класа, така што мојата работна етика се формираше многу рано.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button