Песните на Калиопи се слушаа во цела Југославија, а нејзиниот љубовен живот е вистинска авантура
Нејзината песна Бато се слушаше од Вардар до Триглав
Нашата пејачка Калиопи Букле со години ја освојува публиката како со нејзиниот извонреден глас така и со изгледот. Нејзината песна Бато се слушаше низ цела поранешна Југославија, и оттогаш па се до денес таа важи за една од најшармантните пејачки на Балканот.
Калиопи зад себе има два брака, две големи љубови! Од романсата со композиторот Ромео Грил Калиопи го доби најголемиот дар во својот живот, синот Пако (28).
Но и покрај нивниот одличен спој, по некое време ќе се разделат. Потоа следуваше романтичната врска со 13 години помладиот актер Васил Зафирчев со кого со години важеа за најромантичниот пар на нашата естрада. Но за жал и тие по неколку години се разделија, а Калиопи не престана да зрачи со својата позитивна енергија и ведрина.
https://www.youtube.com/watch?v=JacXXDIVnwU
Пејачката и покрај тоа што се разведе од првиот сопруг, со него соработуваше на некои песни и по разделбата. Таа за него вели дека отсекогаш ги правел најдобрите песни за неа, а негова е и песната „Црно и бело“ со која се појави на Евровизија.
Потоа следуваше и албумот „Мелем“, а почна и да се шушка дека дошло до нивно смирување.
Но досега никој не ги потврди овие гласини, освен можеби насмевката и младешкиот изглед со кој Калиопи зрачи во последно време на нејзините фотографии.