Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Какви мајки се хороскопските знаци: Нема подобар родител од Вагите, а мајките Скорпии се најнапорни!

Реклама

Без разлика дали веќе се имате остварено како родител или пак тоа ве чека во иднина, еве што ви е запишано во ѕвездите кога е во прашање родителството.

ФОТО: parentcircle.com

Овен

Вие сте вистинска мајка борец! Мајките Овни секаде го оставаат својот потпис, па така е и со нивното дете. Тие однапред разработуваат стратегија и ги израснуваат децата по однапред утврден план.

Бик

Прво работата, а потоа забава – тоа е вашиот родителски стил. Некои денови вашите деца ве доживуваат како премногу строги, а друг ден пак како меки и интересни родители.

Маркетинг

Близнаци

Вашите деца секогаш ќе бидат во дилема како ќе реагирате на одредена ситуација или пак што ќе искоментирате. Со вас никогаш нема да знаат на што се.

Рак

Мајката родена во овој знак се однесува како мајка и кон своите пријатели, семејството и лесно се навикнува на оваа најважна животна улога. Речиси целото свое време го посветува проучувајќи како да ги одгледа своите деца. Грижлива е како никој друг знак во Зодијакот.

Маркетинг

Лав

Харизматичната и креативна мајка Лав ќе ги заштити децата по секоја цена и ќе ги одгледа така што тие секогаш ќе се гордеат со себе.

Девица

На мајките Девици им е потребно малку повеќе време за да прифатат дека нивниот живот сега е посветен на децата. Но, како што ќе го сфаќаат тоа, целосно ќе се посветат на нивното бебе, а себеси ќе се стават во втор план.

Вага

Мајките Ваги своето бебе го ставаат пред себе и пред секого. Тие знаат како да го балансираат животот, па иако некогаш излегуваат од сопствената организираност, лесно ѝ се враќаат.

Скорпија

Мајките Скорпии се по малку застрашувачка комбинација од креативност и опуштеност, а истовремено претеруваат со својата контрола врз децата. Според мислењето на многумина, Скорпиите се најнапорните мајки во Зодијакот.

Стрелец

Бидејќи се навикнати да живеат спонтано и во свој ритам, децата за нив се голема животна промена. Поради тоа родителските обврски и посветеноста понекогаш им паѓаат тешко, но склони се да одат до крајност и да им се посветат на децата до таа мера што ќе се исцрпат самите.

Јарец

Овие мајки се полни со авторитет и на децата им поставуваат јасни граници и правила. Ја почитуваат традицијата и така ги одгледуваат и своите деца.

Водолија

Необичната и љубопитна мајка Водолија секој час ќе ги менува своите родителски методи и тоа без претходно предупредување. Својата улога ја гледа како едно големо патување каде што се снаоѓа добро.

Риби

Мајките Риби обожаваат себеси да се почастуваат со подароци и патувања, па истото сакаат да им го овозможат и на нивните деца. Така, сето она што тие го немале како деца, ќе се обидуваат да им го дадат на своите најмили.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button