Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Каква жена бараат: Водолијата – стара и искусна, Скорпијата – атрактивна и целосно верна

Реклама

Секој маж има свој „вкус“ кога станува збор за жените. Какви жени им се омилени на хороскопските знаци?

Овен

Овенот сака да биде во центарот на вниманието, па тој бара разиграни жени, но ја зема предвид и нивната интелигенција. Посебно се наклонети кон жени кои знаат да комуницираат и кои не се плашат да остваруваат нови контакти.

Бик

Мажите родени во овој хороскопски знак се верни и сакаат практичност. Тие се вредни, па бараат партнерка која ќе им одговара во овој поглед.

Маркетинг

Близнаци

Интелигентни и комуникативни, овие личности сакаат хумор и позитивни вибрации. Заводливи се и брзо сакаат промени. Нивната сопруга треба да размислува за нови начини и изненадувања преку кои ќе ги забавува. Сакаат постојани предизвици…

Рак

Целосно ориентиран кон семејниот живот, мажот Рак е емотивен и верен. Често го менува своето расположение и многу е внимателен при управувањето со финансиите. Овие личности сакаат добра облека и бара убавина во сите работи.

Маркетинг

Лав

Лавот има голема самодоверба. Тој е оптимист и знае како да остане во центарот на вниманието. Неговата партнерка мора да го сака неговиот страст кон успехот, а треба и секогаш да биде подготвена да му дели комплименти и да го охрабрува.

Девица

Девиците не се премногу отворни и не покажуваат емоции, што не значи дека ги немаат. Тие се среќни кога жените го почитуваат нивниот интелект.

Скорпија

Мажите во овој хороскопски знак знаат како да заведат жена, без оглед како изгледаат. Тие имаат силна желба за позиција и контрола, а парите ги мотивираат премногу. Тие сакаат лојален партнер.

Стрелец

Мажите Стрелци подеднакво се успешни и во односите и во кариерата. Не се грижат многу за својот изглед и не им смета ако нивниот партнер го прави истото.

Јарец

Јарецот е интелигентен, успешен и упорен во своите планови. Тој ќе избегнува жени кои имаат исти амбиции, затоа што би стравувале дека тоа ќе им ја загрози позицијата.

Водолија

Припадниците на овој хороскопски знак се стабилни и сакаат да придонесуваат за општеството. Секогаш се спремни за работа, но затворени кога се работи за сопствените емоции, па затоа има потешкотии при разбирање на спротивниот пол. Тие често завршуваат со стари и искусни жени кои имаат разбирање за нивната тишина.

Риби

Овие личнсоти се чувствителни и бараат личност која ќе ги следи целиот живот. Малку се заљубени во себе и при додворувањето речиси секогаш чекаат дамите да го направат првиот чекор.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button