Каква е музичко-забавната понуда во Македонија за дочекот на Нова 2025 година – наши фаворити се Охрид и Македонска опера и балет
Каде да ја дочеката Новата година 2025, што засега се нуди, кој каде ќе пее. Мал водич низ градовите за последната ноќ во оваа година.
Годинава Охрид е најорганизиран за дочекот на новата година. На градскиот плоштад во Охрид ќе настапат Каролина Гочева, Наум Петрески, Пајак, Take 5, DJ Gec и DJ Face (на 31-ви декември), а наредниот ден, на први јануари, ќе следи дневна забава со Сара Мејс и „Балканикос Бенд“.
За највеселата ноќ, Општина Прилеп организира заеднички дочек на Новата година со програма прилагодена за најмладите и за возрасните. На 31 декември е најавена „незаборавна музичка програма“ со: • Cyrillic, најпознатото DJ дуо во Македонија, а потоа следуваат Балканика Бенд и Сашо Башески.
За најмалите во Прилеп е организирана детска програма со попладневна забава. На Камената бина, во 12 часот, ќе се одржи фестивалот „Весели Ѕвончиња by Jana“.
Поп-фолк пејачката Анета Љумаковска, ДаКапо бенд и Брас брадерс ќе ги забавуваат гостите за новогодишната ноќ во хотелот „Цар Самуил“ во Струмица.
Во Струмица, во „Космполит“, ќе настапи фолк-пејачката Сања Цинцева, позната како Барби, а друштво ќе ѝ прави колегата Живко Динев.
Во Скопје забава ќе има на повеќе места, меѓу кои во Ресторан Рагуза 360 (Ragusa Rooftop) каде атмосферата ќе ја вжешти Дарио Панковски и неговиот бенд, ДЈ Александар Јорданов и Ласерско Шоу презентирано од Robbie Ray.
Во Рагуза во Лисиче пак, ќе настапат Марија Данева и нејзиниот Stand By Бенд, и Александар – Саше Морж со неговото претпознатливо Караоке шоу.
View this post on Instagram
Ненад Вржалски ќе настапи за новогодишната ноќ во ресторанот Ало, ало во Капитол мол.
Тамара Волчевска ќе ја забавува публиката во скопскиот ресторан Ексклузив.
Атрактивните Софија Ѓанева со нејзиниот К4 Бенд и Махрина (од Србија), како и ДЈ Насте ќе ги забавуваат гостите во скопскиот ресторан Еквилибриум (до хотел Александар Палас).
View this post on Instagram
Во Берово, дочек на Новата 2025 година ќе има во ресторан Добринов, со Корзо бенд.
Еден понаков дочек на Нова година ќе има во Македонската опера и балет. Новогодишна ноќ ќе биде под знакот на музиката, хуморот и забавата со музичко кабаре шоу на Иван Босиљчиќ, проследено со афтер-парти што ќе трае до изгрејсонце со ДЈ Вера Јанковиќ.