Каков луксуз! Драгана Мирковиќ покажа како го украсила замокот за празниците – новогодишни мотиви и на чиниите и чашите
Во замокот на Драгана Мирковиќ во Виена се слават и двата Божиќа, католичкиот и православниот, а по тој повод двапати се собира семејството.
Пејачката секоја година различно го кити замокот, а оваа година се одлучи за огромна елка, со висина до плафон во зелена боја со црвено-бели украси.
Драгана на сите им го честиташе Божиќ и ја покажа елката поставена среде дневната соба.
На врвот на елката, наместо ѕвезда, овојпат има голема црвена панделка, што е всушност и стветски тренд на украсување.
За Бадник, во домот на пејачката имало свечена вечера, а атмосферата ја покажа нејзиниот син Марко на својот инстаграм-профил.
На фотографијата Марко позира со неговата девојка која му седи во скутот.
В очи паѓа еден детаљ – чиниите и чашите поставени на масата се со новогодишни мотиви.
Потсетуваме, со разводот од бизнисменот Тони, Драгана со децата остана да живее во Виена, во дворецот вреден 50 милиони евра.
Еден од најинтересните факти за дворецот е дека во него некогаш живеела Марија Тереза, која често престојувала во него кон крајот на 17 век.