Кафе муабет

Од првите Маноло Бланик, до првиот милион долари – еве како заработува Ким Кардашијан!

Advertisement

 

Еве како од обична девојка Кiм Кардашијан стана една од најпопуларните жени во светот и како го заработи своето богатство.

Advertisement

Воопшто не е спорно дека старлетата Ким Кардашијан денес е една од најпознатите жени во светот, но она што и го оспоруваат многумина е начинот на кој ја стекна популарноста и богатството кое што го поседува. Доколку и вие некогаш сте се прашале од што и како живе Ким еве го одговорот на тоа прашање:

Според многу критичари единствената причина поради која оваа жена е толку популарна е нејзиниот физички изглед и реалното шоу кое се емитува низ целиот свет веќе неколку години, а кое што за многумина е бесмислено. Но, да се разбереме, таа не е како што изгледа на прв поглед, само риалити ѕвезда и сопруга на реперот Канје вест. Таа е и сопственичка на бизнис империја. Во интервју за магазинот „MarketWatch“ таа откри од што всушност заработува пари и од што живее.

Advertisement

„Мислев доколку заработувам повеќе дека повеќе ќе трошам. Но во реалноста не е така. Што повеќе заработувам, толку повеќе штедам. Не мислев дека ќе биде така. Се изненадив самата себеси“, вели старлетата.

Таа во интервјуто откри и како ги заработила првите пари во животот. Кога била тинејџерка, позајмила пари од татко и, адвокатот Роберт Кардашијан и купила 5 пара Маноло Бланик чевли кои чинат 750 долари. Потоа на познатиот сајт „eBay“ ги продала по 2500 долари по парче и од нив заработила убаво.

„Имав среќа родителите на време да ме научат се што треба да знам за кредитите, штедењето и такви работи. Секако дека за тоа не ве учат на училиште, но можеби би требало бидејќи многу луѓе не знаат ништо за тоа и прават грешки. Јас мислам дека имав среќа во животот“, објасни Ким.

Инаку, медиумите за Ким прв пат слушнаа во 2007 година кога на Интернет се појави нејзиното домашно порно видео со тогашното момче Реј Џеј. Тогаш нејзиното семејство одлучи да ја тужи продуцентската куќа која го купила филмот и го дистрибуирала, но набрзо се договорија зад затворени врати. Колку пари и беа исплатени тогаш на старлетата за да се откаже од тужбата се уште не е познато, но во јавноста се споменува цифра од 5 милиони долари. Не е мал бројот и на оние кои се сомневаат дека таа самата го пласирала филмот надевајќи се на добрата заработка.

Ким Кардашијан истата година започна со емитувањето и реалното шоу  „Keeping Up with the Kardashians“ чија гледаност вртоглаво се зголемуваше. Денес таа за само една епизода заработува околу 100.000 долари. Иако семејството на Ким и претходно беше богато, благодарение на емисијата која го следи секој чекор од нивните животи, богатството на семејството до 2011 година се зголеми на 65 милиони долари. Денес Ким и нејзините сестри се продуценти на емисијата, а нивната мајка, Крис Џенер, по многумина алфа и омега во семејството, е нивниот менаџер.

Успехот на ова шоу кое во Америка го гледаат преку 40 милиони луѓе, ја донесе Ким на насловните страни на многу магазини, вклучувајќи го тука и појавувањето во Модната Библија, Вог.

Таа покрај тоа е и сопственичка на модна линија, а неодамна издаде и книга со селфи фотографии.

Минатата година пак, на јавноста и ја престави својата видео игра за паметни телефони „Kim Kardashian: Hollywood“ која за многу брзо време стана една од најпродаваните видео игри во светот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button