Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Како спијат хороскопските знаци: Овните се немирни, а Раковите сакаат удобност

Реклама

Овни, Стрелци, Водолии… сите имаат свои навики на спиење и омилена положба од која ретко кој може да ги натера да станат од кревет. Забавувајте се и дознајте како ѕвездите го диктираат вашиот сон.

ФОТО: today.com

Овен

Овните спијат немирно. Сакаат да бидат пред сите, па честопати во креветот кројат планови и стратегии како да дојдат до посакуваните цели.

Бик

Биковите не можат без своите ритуали пред спиење. Најдобро спијат во убаво уредена соба со квалитетна перница и со чиста постелнина.

Маркетинг

Близнаци

Поради својата преголема љубопитност, Близнаците се немирни спијачи и не можат без мобилниот во кревет. Секогаш сакаат да зборуваат, па дури и кога се во кревет.

Рак

Раковите најмногу ја ценат удобноста и спалната соба им е омиленото место во домот. Бидејќи честопати премногу се грижат за другите, овие личности неретко имаат ноќни мори предизвикани од тоа што со себе ги носат проблемите на другите.

Лав

Лавовите се кралеви кои обожаваат спиење. Со нив владее сонцето и не е ни чудно што сакаат да си прилегнат и преку ден. Ако делите кревет со Лав, подгответе се на многу галење и бакнување.

Девица

На Девиците секогаш им треба среден кревет. Детали и само детали. Се’ мора да биде на свое место, па така и перницата со одредени димензии… За материјалот на постелнината па и да не зборуваме!

Вага

Вагите сакаат рамнотежа и од таа причина на средината на креветот секогаш им се наоѓа голема перница на која спијат, додека од левата и од десната страна имаат повеќе мали перници. Креветот им е опремен според најдобрите стандарди.

Скорпија

Скорпиите сакаат интензивни бои во спалната соба. Ако се најдете во кревет со нив, очекувајте борба за перницата и ќебето.

Стрелец

Стрелците се оптимисти и спонтани и честопати мислат дека може да преживеат со малку или без одмор. Но, со текот на времето се изморуваат од ова и може да го преспијат целиот ден.

Јарец

На Јарците спиењето им е уште една обврска која треба да ја извршат. Во спалната соба го имаат само неопходното, без непотребни детали и декорации.

Водолија

Водолиите не сакаат галење во кревет. Тие може да бидат срамежливи и мирни, а од друга страна ексцентрични и енергични. Но и во двата случаи тие се длабоки мислители, па честопати патат од несоница.

Риби

Рибите се зависни од сон. Тие сакаат да сонуваат, па не е ни чудно што сакаат да се излежуваат, да им се препуштат на мислите и да заминат во некој друг свет.

Поврзано

Back to top button