Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Како се збогатуваат хороскопските знаци: Близнаците обожаваат технологија, Лавовите заработуваат од својата слава

Реклама

Мрзливите Ваги секогаш бараат начин како да избегнат каква било работа, но затоа имаат среќа. Биковите се кралеви во спортот, а што е запишано за вашиот хороскопски знак, дознајте во продолжение.

ФОТО: verywellmind.com

Овен

Овните се упорни и мотивирани и постојано имаат желба за заработка. Најчесто се збогатуваат како доктори, актери, брокери.

Бик

Биковите се кралеви во спортот, спортската медицина и терапија . Најчесто се сопственици на големи спортски центри и обожаваат пари, па секогаш се мотивирани за чекор нанапред.

Маркетинг

Близнаци

Припадниците на овој знак заработуваат мноу пари во светот на кулинарството и технологијата. Се збогатуваат со добри преговори, а одлични се во намалување на цените кога треба да купуваат производи или недвижнини.

Рак

Раковите се познати по големи заработки од пишување книги и во индустријата на услугите. Тие имаат јасна визија како да се збогатат и во голема мера ги користат личните искуства.

Маркетинг

Лав

Лавот ги користи своите неверојатни способности во шармирање на луѓето, па често се и филмски или музички ѕвезди. Светот на забавата е начин тие да создадат пари.

Девица

Верни работници, Девиците никогаш нема да се најдат на врвот во едно претпријатие, но бидејќи се вредни и лојални, секогаш ќе имаат добро платени позиции. Имаат тенденција долго да работат за еден работодавач, што на крај им носи добри заработки.

Вага

Ако може да заработуваат а да не работат ништо, Вагите тоа ќе го направат. Мрзливи се и секогаш бараат лесен начин, па најчесто се збогатуваат од некое наследство кое го вложуваат.

Скорпија

Скорпиите добро заработуваат од работи кои ги поттикнуваат нивните лични страсти. Знаат во што се добри и ако некој сака таков работник, тогаш треба добро да го плати.

Стрелец

Еден ден и Стрелецот ќе заработи пари. Еден ден. Но, додека не дојде тој ден, Стрелецот ќе сонува за своите пари кои едвај чека да ги потроши. Тие немаат јасна претстава како најдобро да заработат.

Јарец

Природно се надарени за работа со пари, а најчесто се банкари. Јарците знаат што да направат за да заработат пари. Администрација и работа во канцеларија се места со кои владее овој знак.

Водолија

Водолиите се плашат од вработување и работодавачи, па подобро би нашле партнер кој ќе може да ги финансира. Не сакаат да работат и целта им е да се збогатат на туѓ грб.

Риби

Рибите ја следат својата страст која ги води до дебела банкарска сметка. Припадниците на овој знак сакаат да им помагаат на луѓето и животните, па често и се наоѓаат на некоја ваква позиција. Рибите заработуваат помагајќи им на другите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button