Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Бикот несигурно, Скорпијата емоционална: дознајте како се однесуваат хороскопските знаци кога имаат лош ден?

Реклама

Секој има лоши денови, кога не се чувствува баш во најдобро расположение. Но, однесувањето на луѓето варира од еден до друг знак. Еве како се чувствува секој знак од Зодијакот кога навистина не е негов ден.

Овен

Кога не се расположени, Овните имаат тенденција да експлодираат без особена причина, а понекогаш имаат потреба дури и да скршат нешто. Меѓутоа, позитивно е што брзо си доаѓа на свое место.

Бик

Кога не се сите работи како што треба, Бикот може да изглда многу несигурен и стабилен, но во лоши моменти може претерано да размислува и да ја анализира секоја ситница.

Маркетинг

Близнаци

Кога се под стрес, Близнаците размислуваат до тој степен што не знаат дури што е реално а што не. Тие може да станат многу неодлучни и тешко им е да испливаат од црната безнадежна дупка.

Рак

Во стресни ситуации, Ракот се чувствува безнадежно, изолирано и осамено… дури и ако е опкружен со луѓе. Се чувствува несфатено и тешко му е да пронајде луѓе со кои ќе може да се поврзе.

Маркетинг

Лав

Лавот може да се чувствува несигурно, иако тешко ви е да поверувате дека некој кој однадвор изгледа толку храбро и самоуверено, може во себе да крие каква било несигурност.

Девица

Во своите лоши денови, Девиците тешко го поднесуваат притисокот и им се чини дека се гушат. Тие мора да научат да се опуштат и да не бидат толку строги кон себе.

Вага

Вагата се чувствува како срцето да ѝ е скршено. Во тешки моменти, таа се повлекува од надворешниот свет, додека не заздрави целосно.

Скорпија

Во време на тага, Скорпијата може да биде прилично емоционална. Нивните емоции се интензивни и ако се чувствува лошо, тоа е навистина лошо.

Стрелец

Стрелците не сакаат да ја префрлуваат вината на другите луѓе и брзо ја сфаќаат својата грешка. Меѓутоа, понекогаш се премногу остри кон себе.

Јарец

Кога Јарците ќе ја достигнат својата точка на кулминација, тие се чувствуваат целосно исцрпени. Понекогаш треба да имаат на ум дека треба и да земаат пауза одвреме-навреме.

Водолија

Водолијата потешко се вклопува со другите хороскопски знаци. Понекогаш поради тоа има чувство на помала вредност, како сите други наоколу да се со поголема вредност (иако е далеку од вистината).

Риби

Во лоши времиња, Рибите може лесно да се изгубат во темната страна на нивниот ум, до тој степен што може да западнат во криза. Тие ги чувствуваат сите негативни работи одеднаш, а тоа може да ги направи вознемирени и изолирани од околината.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button