Како НЕ треба да изгледате кога одите на журка (особено ако имате гради како нејзините!)
Едно промашено издание од музичкиот фестивал Коачела
По многуте фантастични изданија што ги видовме, а што ги носеа познатите ИТ девојки на фестивалот Коачела, редно беше да се појави и комбинација која не заслужува пофални зборови. Овој пат таа чест ја има познатиот американски модел Линдис Пелас (26) која на лудата журка се појави во краток тексас шорц со кој ги истакна нејзините нозе, бомбер јакна и шик чизми до глужд со кој ни покажа дека ги следи трендовите, но и „топ“ со кој ни откри дека можете да бидете модел, но и дека тоа не значи дека ја познавате модата.
Погледнете како изгледаше Ријана на фестивалот Коачела >>
Просто е како гравче. Ако имате бујни гради како нејзините, тогаш најдобро е во широк лак да ги избегнувате полиците каде што се продаваат ваквите парчиња. Секако дека фестивалот Коачела е симбол за одлична забава, луди журки и провокативни комбинации (ова особено важи за оваа година кога девојките се натпреваруваа која ќе покаже повеќе!), но тоа не значи дека треба да изгледате како тукушто да сте излегле од преполна 2-ка.
Кајли Џенер го покажа и она што НЕ требаше на фестивалот Коачела >>
Што мислите вие?
Една од најдобро облечените девојки на фестивалот Коачела е вистинска атракција и на Инстаграм >>