Кожа и нокти

Еве што треба да јадете доколку сакате да имате прекрасна кожа преку летниот период

Advertisement

Ако сакате да се чувствувате прекрасно и покрај жешките сончеви зраци, покрај кремите за заштита од сонце, во овој период од годината многу ќе ви помогне и правилната исхрана.

Advertisement

Погледнете ја листата со намирници кои ќе ви помогнат да изгледате и да се чувствувате фантастично преку целото лето.

Лубеница

Лубеницата содржи преку 90% вода која го хидратизира телото. Таа е богата со витамин Ц, кој е потребен за произведување на здрав колаген. Од друга страна пак антиоскиданските својства на лубеницата спречуваат штетно делување на слободните радикали што помагаат во спречувањето на знаците за стареење.

Advertisement

Зрнесто овошје

Свежите боровници, малините, капините и јагодите покрај тоа што се вкусни, тие се и полни со антиоксиданси кои можат да ја заштитат кожата од штетното делување на сонцето.

Ананас

Покрај витамините и минералите, ова тропско овошје содржи бромелаин кој што е одличен борец против запаленијата. Тој помнага во случај на изгореници од сонцето.

Краставици

Познато е дека краставиците ги намалуваат отоците околу очите. Но, редовна конзумација на краставици е добра и за кожата. Бидејќи во главно се состојат од вода тие се идеални за хидратација на организмот и кожата.

Патлиџан

Соврена намирница за заштита на кожните ќелии. Ликопенот што го содржи, произведуваат колаген, па е совршен борец против настанување на брчки.

Лосос

Плодовите од морето се мошне популарни за време на летување, па затоа ве советуваме да јадете што е можно повеќе лосос бидејќи кожата ќе ви добие свеж и хидратизиран изглед. Омега 3 масните киселини во рибата се клучната компонента за клетките на кожата да го регулираат производството на маснотии.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button