Реклама
Нега и здравје

Како до подигнати и убави гради во 6 чекори

Реклама

Благодарејќи им на „пуш-ап“ градниците, денес и жените со мали гради можат да изгледаат како да имаат бујно деколте.

Маркетинг

Но,тоа е само привемено решение. Многу подобар ефект можете да постигнете со вежбање на вистинските групи на мускули, т.е. на оние кои се наоѓаат под и зад вашите гради. Овие вежби покрај градите се осмислени и за да ги зајакнат грбните мускули и мускулите на рамињата кои се важни за правилно држење на телото.

Склекови со медицинска топка

Наместете се во позиција на склекови, но левата рака ставете ја на медицинската топка, а десната на подот.

Маркетинг

Држете го телото исправено и спуштајте се колку што можете. Кога ќе дојдете во најниската позиција, подигнетет се од земјата користејќи ги двете раце и вратете се повторно во почетната позиција. Повторете го тоа 8 пати, а потоа заменете ги рацете – десната ставете ја на топката, а левата на подот и повторете ја вежбата.

Број на повторувањa – од 8 до 10 пати.

Фрлање на топката

Легнете на грбот и свиткајте ги нозете во колената, така што стапалата со цела должина да ви бидат поставени на подот и држете ја медицинската топка на градите.

Притисните го грбот на подот и фрлете ја топката во воздух колку што можете повисоку. Фатете ја со подигнати раце, опуштете го грбот, спуштете ја топката на градите и повторете ја постапката.

Број на повтoрувањa – 20 пати

Тег и швајцарска топка

Земете тег во десната рака и со грбот легнете на швајцарската топка. Подигнете ги колковите така да формиате права линија од колената до рамињата. Држете го тегот на градите, а лопатките приближете ги една кон друга.

Подигнете го тегот во воздухот, па потоа спуштете го доле. Гледајте да правите движења само со рацете и со ништо друго. Направете го тоа 8 пати, а потоа префрлете го тегот во другата рака и повторете ја постапката.

Број на повторувања – 8 пати.

Подигање во форма на буквата „Y“

Земете два полесни тега, направете благ расчекор и благо свиткајте ги колената. Теговите држете ги пред бутовите.

Подигнете ги лопатките како да ги подогате теговите изнад главата во Y позиција и со лагано темпо повторувајте ја постапката. Држете ја кичмата затегната за време на сите повторувања.

Број на повторувања – 20 пати

Подигање 

Земете пар тегови и наместете се во позиција за склекови, но теговите поставете ги на подот и исправете ги рацете до крај, така што теговите да ви бидат во линија со рамињата. Колковите треба да ви бидат малку по раширени отколку во претходната вежба.

Без да ги движете коловите свиткајте го левиот лакт и подигнете го до градите држејќи ја раката свиткана до телото. Полека спуштете го тегот во почетна позиција и повотрете ја постапката со другата рака.

Број на повторувања – 8 пати

Подигање од позади

Земете пар лесни тегови и свртете ги дланките напред.Застанете со малку подраширени нозе. Свиткајте ги во колената и наведнете се нанапред скоро додека горниот дел од телото не ви биде залепен со подот.

{youtube}sYNprB9H1Ig{/youtube}

Без да ја промените положбата на торзото подигнете ги рацете во страна се додека се во линија со телото. Останете во таа положба некое време, па потоа вратете се во почетната позиција.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button