Нега и здравје

Како да имате нозе, задник и бутови како на Рис Витерспун

Advertisement

Рис Витерспун обожава да носи фустани, здолништа и панталони, а токму во овие модни парчиња таа најдобро ги истакнува своите витки нозе.

Advertisement

Доколку некогаш сте се запрашале која е тајната за нејзините совршено обликувани нозе, тајната е откриена. Со помош на едноставни вежби и вие можете да имате нозе и бутови како на Рис Витерспун.

Во последно време Рис често можете да ја видите како вози ролерки со нејзината ќеркичка, но за да и бида витки нозете, а бутовите и стомакот цврсти, актерката и редовно трча. Како што вели самата таа, вљубена е во трчањето. „Обожавам да трчам околу час време или да вежбам со пријателките“, вели Рис не заборавајќи да истакне дека обожава прошетка во природа и јога, но често ги практикува и вежбите за истргање на мускулите кои ги надгледува нејзиниот тренер.

Рис секогаш пред да застане пред камерите на снимање на некој нов филм,четири недели претходно го засилува интезитетот на гимнатистичките вежби и тоа најчесто под будното око на нејзиниот тренер.

Advertisement

Доколку сакате да имате нозе и бутови како на Рис Витерспун обидете се со силно подигање на нозете во страна со што се засилуваат мускулите на бутот, задникот и стомакот. Застанете зад стол или столче и ставете ги рацете на него. Подигнете ја десната нога на страна и горе, а по ова свиткајте ја ногата во коленото и задржите ја таа положба неколку секунди. Горниот дел на телото држите го рамно, а левата нога лесно свиткајте ја заради одржување на рамнотежа.

По ова спуштете ја десната нога во почетна позиција, а потоа направете исчекор наназад колку што можете. Треба да ги почувствувате мускулите на задникот како се затегаат. Коленото на левата нога држете го свиткано, а грбот нека биде рамен.

Задржете ја таа поза околу 15 секунди, па вратете се во почетна позиција. Овој циклус повторете го 15 пати, одморете кратко, а потоа повторете уште 15 пати.

По ова истата вежба направете ја и со десната нога.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button