Кафе муабет

Малечка и ситна, а секогаш одлично си ја врши работата – пет ситуации во кои сигурно ќе ја сакате

Advertisement

 

Безопасните игли, или популарно наречени само безопасни, се докажани пријатели и помошници во секое домаќинство.

Advertisement

Можеби досега сте ги користеле безопасните за да прикачите некој моден детаљ или пак закачени во панкерски фазон на скинати фармерки, но треба да земете во предвид дека овие мали нешта можат да бидат корисни и за сосема поинакви работи. Покрај тоа што ги користиме за да вденеме врвка или ластик во тренерките или јакната, безопасните можат да се искористат и во многу други ситуации и да ни го поедностават животот. Еве некои од нив.

Кога се брзате, а нема кој да ви го закопча фустанот

Advertisement

Кога не можете да го закопчате патентот од фустанот на грбот, односно не можете да го дофатите, закачете за него безопасна, па заврзете долг конец со кој лесно ќе го потегнете и ќе го закопчате фуистанот.

Заштита од арамии

Доколку одите некаде каде се очекува да има многу луѓе, закачете безопасна на патентот на чантата и потоа закачите ја за чантата. Потенцијалните џепчии во овој случај многу потешко ќе ви ја откопчаат чантата.

За спарување на чорапи

Пред да ги ставите чорапите за перење закачете ги со безопасна и поштедете се од нивното досадно спарување по перењето.

Спасете се од постојаното местење на прекривките

Закачете ја прекривката на фотелјата со безопасна и таа повеќе нема да паѓа или да се изместува, но внимавајте безопасната да не се гледа и да не постои можност да се боцне оној што ќе седи.

Декорација на домот

Со цврсто лепило залепете ги безопасните на задниот дел од украсни чинии и закачете ги како украси на кујнскиот ѕид. Направете го истото со уште неколку интересни чинии и ќе добиете совршена декорација на ѕидот.

За подобар сон

Доколку светлината која навлегува меѓу завесите ви пречи и ве буди секое утро, тогаш спојте ги краевите со безопасна и нема непотребно да се  будите поради сончевите зраци кои ви паѓаат директно во лицето.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button