Метеоролозите предупредуваат долга и топла сезона, што значи дека следува периодот кога омилена облека и обувки ќе ни бидат оние најпрозрачните.
Македонската модна блогерка Азизе од модниот блог Rosee96 »
Но, што се случува со нашата шминка? Дали веќе ги ставивте на дофат на вашите прстиња и ги користите шминките кои се погодни за овој период од годината или се уште се шминката онака механички, по навика, како што го правевте тоа и претходно кога одевте на работа или на излегување во град? И дали ви се случува да зажалите затоа што шминката поради превисоките температури се разлеала низ вашето лице? Па доколку и вие го имате овој мал проблем, можеби е крајно време да прочитате нешто за основите за летното шминкање, како и да научите некој нов трик со кој вашата кожа ќе изгледа здраво, а вашето лице прозрачно, убаво и негувано.
Наш прв совет за преку лето е да не ставате тешки пудра. Тешката шминка не само што се топи и тешко се одржува преку летниот период, туку и на вашето лице му е потребна свежина и одмор. Што се однесува пак до позитивното расположение можете да допринесете со свежите бои на сенки, кармини, сјаеви и лакови. Покрај ова, must-have производи кои не смеете да ги прескокнете во летните месеци се и лесните хидрантни креми, но и квалитетните креми со заштитен фактор SPF (од 30 до 50), потоа бронзер кој одговара на вашиот тен, моливче за очи, маскара…
{youtube}n_66vSaHaVE{/youtube}
Супер летна шминка на Азизе …
Но за да не ви се случи да направите шминка која по неколку часа ќе се размачка на вашето лице, туку за да добиете совршен летен look кој ќе остане ист и кога ќе се вратите дома, поразговаравме со една од најпознатите модни и блогерки во Македонија, Азизе Демиши, која стои зад модниот блог http://rosee96.blogspot.com/. Еве ги нејзините совети и musт-have производи кои што ги користи во овој период од годината кога температурите нема да ни ги простат нашите бјути грешки.
Каква треба да ви биде летната шминка и кој е твојот омилен тренд за оваа сезона?
Преку лето преферирам да не користам шминка, кога треба да излезам на ручек или на кафе со пријателките знам да нанесам полесна шминка како маскара, бронзер и кармин во некоја посвежа боја.
Која е твојата омилена хидратантна крема за овој период од годината?
Во летен период користам крем со заштитен фактор (50) на Еуцерин, воедно ја хидрира кожата и ја штити и од сончевите зраци.
Каква пудра користиш преку лето?
Преферирам пудри со мат финиш, последно ја користeв пудрата на Seventeen, Мат Плус од која што сум посебно задоволна.
Кој е твојот омилен бронзер и каков совет би споделила со нашите читателки кога се работи за овие производи?
Имам 7 бронзери затоа што цело време ги употребувам, омилен ми е од брендот Seventeen. Бојата е одлична, дава свежина на лицето, а и одличен е за истакнување на контурите. Мој совет е кога избирате бронзер секогаш да земате со поладна основа, да не е со портокалово, затоа што на тој начин можете да го користите за повеќе намени меѓу кои и како сенка за очи, но и за истакнување на цртите на лицето.
Кое е твоето омилено моливче за преку лето?
Flormar Waterproof Eyeliner
Маскара?
Max Factor Masterpiece Transform Mascara
Каков треба да биде летниот парфем?
Лесен, свеж со цветни ноти.
A твојот омилен е?
Elizabeth Arden – Untold