Реклама
Нега и здравје

Како да се разбудите наутро, а всушност, да се чувствуте одморени и освежени

Реклама

Сосема искрено, доста ни е да се будиме нерасположени и папсани отколку што сме биле кога сме си легнале неколку часа претходно.

Маркетинг

Сите сакаме да сме од оние кои не го фрлаат ајфонот низ соба кога алармот ќе се огласи, кои може да скокнат од кревет како да имаат федер во нозете при првите болскоти на сончевата светлина низ завесата. И не сме сами. Според еден Водич за подобро здравје: Како да се користи природниот часовник на вашето тело во борба против болести и да се постигне максимално здравје (Св Мартинс Прес), само еден од десет од нас се ранобудници в зори, полни со елан да го започнат денот. Но, што ако сакате да бидете таква жена? Па, можете да го направите ова …

Осветлување

Маркетинг

Нашиот организам е дизајниран да спие кога е темно и да се буди кога се разденува. Ништо ново. Но, нашите навики за спиење се далеку од она што е “природно”. Се капеме во вештачка светлина цел ден, па и во вечерните часови со ТВ, паметните телефони и ај-падови, а често се будиме и пред да се раздени. Постојат студии кои укажуваат дека премногу сина светлина што ја  емитираат нашите паметни телефони и таблети ги попречува нашите хормони за спиење и ги нарушува нашите ноќи. Ова навистина не е она што природата го намерила.

Истражувањата покажуваат дека во голема мера имаме корист од будење при светлината, па затоа кога имаме изгрејсонце треба да се обидеме да спиеме со тргнати завеси. Но, дури и во зима кога е темно надвор, сè уште е можно да се разбудиме со постепена светлина. Постојат часовници-будилник кои користат светлината за да ве разбудат, како на пример Philips Wake-up Light, £ 100. Светлината постепено се менува од утринска црвена, до портокалова и конечно светло жолта 30 минути пред времето што сте го поставиле за будење. Тестовите покажуваат дека мнозинството корисници се чувствуваат како да се разбудиле подобро расположени и полесно им е да станат од кревет.

Будете се полека

Постојат пет фази за заспивање, и не е за изненадување петтата фаза кога нашето тело сака да се разбуди. Будејќи се нагло од некој аларм целосно го игнорира она што нашето тело сака да го направи. Наглото будење предизвикано од аларм – без разлика дали од часовник или паметниот телефон – е трауматично и дезориентирачко и предизвикува срцето да ни бие силно и адреналинот да се покачи.

Будењето полека е далеку поприродно за нашите тела. Природниот аларм на изгрејсонцето ќе ја заврши работата будејќи ве постепено.

Создадете вистинска атмосфера

Нашата телесна температура опаѓа и се покачува во текот на денот; таа е поставена на 24-часовен циклус. Највисоката температура се јавува извесно време во доцните попладневни часови, а најниска е околу пет наутро.

Температурата е важна кога станува збор за вистинско одморање во текот на ноќта и за пријатно будење. Впрочем, мирниот сон е од суштинско значење за освежувачко утро. Повеќето експерти се согласуваат за собна температура помеѓу 15 – 19 степени Целзиусови – сѐ што е над 23 степени и под 12 степени Целзиусови најверојатно ќе го наруши спиењето. Освен тоа, тие се согласуваат дека постудена температура води кон подлабоко спиење.

И проветрувањето е навистина важно во текот на ноќта. Вдишуваме кислород, а издишуваме токсичен СО2 – затоа, ако е безбедно, спијте со отворен  прозорец. Нашето тело минува низ еден циклус на лекување во текот на ноќта кога тоа работи на поправка на штетата од слободните радикали што ја трпи во текот на денот. Обилното снабдување на кислород е од суштинско значење за овој процес и, исто така, ќе помогне да се регулира температурата во спалната соба.

Станете рано

Бројни студии потврдуваат дека оние кои стануваат рано се генерално посреќни, поздрави и попродуктивни. Една  студија од Универзитетот во Тексас во 2008 откри дека луѓето кои себеси се идентификуваат како „утрински луѓе“ постигнуваат подобри резултати на тестови, додека Кристоф Рандлер, биолог на Харвард, открил во 2008 година дека ранобудниците се повеќе проактивни.

Разни други студии покажуваат дека ранобудните луѓе манифестираат карактерни црти како оптимизам, пријатност, сатисфакција и совесност, додека кај оние од нас кои се сметаме за ноќни бувови поголема е веројатност да манифестираме особини како депресија, песимизам и невроза, и покрај тоа што поседуваме креативност и интелигенција.

Што да избегнете

Немирен стомак води до немирно спиење во текот на ноќта. Кафе, црвено вино и чоколадо се научно докажани дека особено го попречуваат спиењето, па затоа избегнувајте ги пред спиење. Генерално, добро правило е главниот оброк да се земе порано, така што телото нема да троши драгоцено време за  варење на храната додека спиете.

Исклучете ја бучавата

Од 2003 година една работната група на Светската здравствена организација е ангажирана за проучување на ефектите од бучавата врз нашето здравје и како да се минимизира проблемот. Нивното истражувања покажува дека 2 проценти од Европејците страдаат сериозно од нарушен сон поради бучавата, а најмалку 15 проценти страдаат од вознемиреност. Прозорците со две стакла ја намалуваат бучавата од возилата, но малку што може да направите да се изолирате од вашите соседи. Најбрзата промена што може да ја постигнете е да инвестирате во добри чепчиња за уши.

Извор: marieclaire.co.uk

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button