КАКО ВО ТРИ ЧЕКОРИ ДА ОТКРИЕТЕ ЛАЖГО: После ова никој не ќе може да ве измами!
Најлошиот тип на луѓе се оние кои ве лажат, а ве гледаат во очи. Со помош на овие три чекори можете многу лесно да ги разоткриете таквите.
Едно истражување покажало дека возрасните лажат од 10 дури до 200 пати на ден. Иако сите подлажуваме, лагата за нашиот мозок е нешто неприродно и затоа нашето тело реагира на необичен начин. И додека првите знаци за нечесност и измама може да се прочитаат од невербалната комуникација, или јазикот на телото, постои уште една шема која го опишува лажгото, а се крие во зборовите, односно речениците што ги изговара. Станува збор за таканаречен јазик на кој говорат лажговците. Донесуваме 3 најчести формулации на реченици со чија помош може да го препознаете „лажгото“.
1. Лажгото најчесто се исфрла себе си од речениците
Ако сакате да бидете сигурни дека некој ви ги „мачка очите“, фатете го неподготвен и поставете му директно прашање. Првата реакција на човек кој се обидува да ја скрие вистината е таа што ќе ви одговори така што самиот себе сосема ќе се исфрли од контекстот на одговорот.
Еден пример за вистина и лага: Ако поставите прашање за тоа кој го возел автомобилот, искрен одговор би гласел, „Јас не сум го возел автомобилот”, додека лажгото ќе промрмори нешто како „никој не го возел автомобилот“ или „не знам дали некој го возел автомобилот“ и така себе си целосно ќе се исфрли од контекстот. Станува збор за рефлексна реакција со која лицето кое лаже сака максимално да се оддалечи од лагата.
Премини на следната страна >>