Белите патики се хит веќе неколку сезони.
Да, белите патики се маст-хев веќе неколку сезони и судејќи според фотографиите што ги објавуваат познатите ИТ девојки на социјалните мрежи тие и оваа есен остануваат во игра. Тие се многу подобар избор отколку сандалите, особено во преодниот период и особено кога времето е студено, а сакате да изгледате шик. Можете да ги носите буквално со се’, без разлика дали планирате да одите на кафе, работа, или на некоја журка. Од црни фустани и металик здолништа, се до хеланки и бундички, белите патики се едни од оние тренди парчиња со кои можете најмногу да експериментирате, па можеби токму затоа и ги обожаваме …
Во продолжение погледнете неколку комбинации и инспирирајте се како да носите бели патики оваа есен, а на крајот од текстот отворете ја галеријата и погледнете ги најубавите модели кои ве чекаат во продавниците.
Премини на следната страна >>