Нега и здравје

Совет за убавина кој МОРАТЕ да го пробате – Како да направите природна маска за лице од мед

Advertisement

Проблематичната кожа може да биде резултат од неправилна прехрана и општо лошиот начин на живот.

Advertisement

Партнер во борбата со таквиот тип на кожа е маската која е направена потполно на природен начин. Се што ви е потребно за да направите еден ваков препарат, е да имате мед, лимон, зобни снегулки и магијата може да започне.

Исцедите еден лимон и неговиот сок измешајте го со мед и зобни снегулки. Добиената смеса добро ја измешајте и нанесете на лицето. По 10 минути исперете. На овој начин не само што ќе ја направите кожата на лицето да изгледа поубаво и да биде помека, туку ќе направите и вистински пилинг.

Advertisement

Мед, банани и маслиново масло е добитна комбинација за сува кожа. Се што треба да направите е да земете три лажички мед и три лажички маслиново масло и да ги измешате со претходно изгмечена банана. Ставите на лицето и држете околу 30 минути па измијте со млака вода.

Првите знаци за стареење можете да ги отстраните со мед. Не е потребно мешање со други намирници, туку доволно е да земете чист мед и да го ставете на лицето. Потоа натопете ја газата со топла вода, исцедете и ставете ја на лицето за да ви се отворат порите. Оставете го медот 20-на минути и лежерно отстранете го со топла вода, а потоа со студена како би ги затвориле порите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button