Рецепти

Италијанската салата „Panzanella“ е совршен летен оброк – рецепт за вистински гурмани

Реклама
Реклама

Оваа салата е совршен летен оброк и прилог за другите јадења

Италијанската кујна неретко не инспирира со своите едноставни, но крајно ароматични јадења, а во оваа категорија спаѓа и познатата тосканска салата Панцанела (Panzanella) која претставува совршен и брз летен оброк.

Маркетинг

Оваа салата порано била позната како оброк за сиромашни, токму поради сувиот леб кој е главна состојка, а покрај тоа што можете да ја јадете самостојно не заборавајте да ја користите и како одличен прилог за со скара.

Маркетинг

Состојки

Леб
Црвен кромид
Патлиџан
Лук
Листови босилек
Маслиново масло и оцет
Црн бибер, сол

 

Било каков леб нарежете на парчиња со големина на еден залак, па поставете го на хартија за печење и печете додека не добие румена боја, отприлика 5-10 минути (во изворниот рецепт се користи стар леб, но вкусот е многу подобар ако лебот го подгответе во печка). Во сад помешајте маслиново масло, лук, оцет, сол и црн бибер. Патлиџанот и црвениот кромид исечете на парчиња и помешајте со лебот и прелијте со веќе подготвениот прелив. Салатата задолжително МОРА да отстои во фрижидер пред да ја послужите (барем еден час), а пред послужување додадете листови босилек.

https://www.instagram.com/p/Blcf-x5DOK6/?tagged=panzanella

Во овој основен рецепт лесно можете да ставите и други намирници како моцарела, пилешко или било кое друго овошје. Наш совет е да ја пробате со парчиња бело, добро испечено пилешко месо.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button