Брашното, заедно со пецивото, ставете го во сад за месење.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 125 грама шунка
– 1 лажица сол
– 125 грама сирење
– 1 кесичка прашок за печиво
– 400 грама брашно
– 200 милилитри јогурт
– 1 јајце
ПОДГОТОВКА:
Брашното, заедно со пецивото, ставете го во сад за месење. Направете вдлабнатина во средината и додајте ги јогуртот, солта, јајцето, сирењето (изрендано или изгмечено со виљушка) и ситно исечканата шунка. Замесете тесто од сите продукти, расукајте го и на крајот направете правоаголни форми од целото тесто. Правоаголниците испржете ги во добро загреано масло. Откога ќе се испржат, ставете ги на кујнска хартија за да се исцеди маслото.
Послужете ги топли, со јогурт или кисело млеко.
Рецепт напишан од нашата читателка Тиа и закачен на форумот на Штипка. Приклулете се на дискусијата тука.