Нашата позната блогерка ни покажа како да направиме совршена новогодишна шминка, но и ни откри кој е нејзиниот омилен течен кармин на нашиот пазар
Неколку совети за шминка од модната блогерка Дани Ѓуровска
Секоја жена со цел да ја истакне својата убавина треба да знае како да манипулира со шминките. Денес кога социјалните мрежи се преплавени со makeup видеа, сигурна сум дека секоја од вас може да ја најде својата инспирација и она што најдобро би и прилегало. Треба да се разграничи каква шминка е најсоодветна за некој настан. Јас сум од оние што ни до најблиската продавница не одат „не средени”, и тоа не само затоа што никогаш не знаеме кој ќе сретнеме на ќошот од нашата зграда, туку и затоа што сметам дека секоја жена во секој момент од денот треба да е во своето најдобро издание, пред се за да се чувствува убаво и самоуверено. Секоја чест за оние кои имаат самодоверба и кога се без грам шминка на лицето, јас се чувствувам многу поудобно кога мојот тен е изедначен и имам нанесено барем кармин.
{youtube}X_aDd1SpoHE{/youtube}
Сметам дека со текот на годините го најдов најсоодветниот начин за тоа како да се шминкам, да ги „сокријам” недостатоците, но и да го истакнам она што најмногу го сакам на себе. Овој пат, во соработка со Штипка спремив едно makeup видео, каде за прв пат ќе ги покажам сите чекори при создавање на една впечатлива шминка. Инспирацијата ми беше „класичниот вамп изглед” од новиот каталог на „Seventeen“ за есен/зима ’17/’18.
Natural velvet/ Long lasting matte foundation. No-03 light beige
Пудрата „Natural Velvet Long Lasting Matte Foundation“ сум ја користела и претходно, но заборавив на убавиот ефект кој го дава по нанесување на лицето. Ми го изедначува тенот, и откако ќе завршам со него воопшто не чувствувам дека имам ставено пудра. Тоа ми е многу важно бидејќи со начинот на кој го водам мојот живот, кога знам да излезам сабајле и да се вратам после 10 часа дома, потребна ми е пудра која нема да ми ги затвора порите а сепак да биде доволно покривна за да ги „сокрие” сите недостатоци.
Matt Concealer/ Extra Coverage. No-00
Коректорот „Matt Concealer“ можете да ги видите и на сликите а ефектот по неговото нанесување на самото видео. Лесен е за нанесување, и доста покривен, ви го препорачувам особено доколку имате проблем со подочници или проблематична кожа.
Extra sparkle shadow. No-16, Silky shadow satin. No-216
И двете сенки за очи ги исполнуваат сите мои желби кога се во прашање овие производи, особено поради одличната пигментираност. Со едно нанесување со четката веќе го имам посакуваниот ефект и само добро ги соединувам. Не користам многу често црна сенка, обично практикувам кафени тонови, но овој пат сакав да се поиграм со популарната шминка „smokey eyes“ со црна сенка, па се надевам дека ќе ви се допадне како го направив тоа.
The Stylist/ mascara. Black-01
Трепките ми се многу важни и сакам кога маскарата не ги „прилепува” и дава природен изглед. Обично поради должината на моите трепки, што некогаш со два слоја на маскара личат и на вештачки, сакам да користам маскари кои имаат гумени четкички бидејќи подобро „манипулирам” со нив, но и оваа на Seventeen си ја заврши работата одлично.
Natural-matte silky blusher. No-16 plum brown
Руменилото на овој makeup look го нананесов поитензивно од вообичаено, но сметам дека соодвествува со целиот изглед и понекогаш шминката дозволува да ги истакнете контурите. Сепак за дневен изглед би рекла дека треба да е со помал интензитет и внимавајте при нанесување, протресете ја четката бидејќи е пигментиран што секако е одлично.
All day/ Lip color- No.38
И за крај, мојот омилен производ. Карминот кој ми ја врати љубовта кон сјајот за усни. Подолг период користам исклучиво мат кармини, но откако прв пат го пробав овој течен кармин усните добија „друга димензија”. Ги истакнува, делуваат визуелно пополни и го надополнува изгледот. Оваа сезона ми е „must have”, а нијансата ми е „all time fave”.
Надвор од ова го пробав и црниот кармин од новата колекција на Seventeen, пред неколку дена објавив слика со тој makeup look на мојот IG профил, и доколку сте малку похрабри да го носите ви го препорачувам. Јас се заљубив и нема да изостане во мојот несесер оваа зима.
Кликни тука и посети го блогот на Дани >>