Како да намалите 15 килограми без диета
Не се шегуваме!
Тврдење: Стомак што кркори за време на тренинг може да биде знак дека се мамите себе си дека согорувате повеќе калории, според новото истражување објавено во „Journal of Science and Medicine in Sport“.
Истражување: За оваа студијата, на 10 ’рекреативно активни’ средношколки (значи не атлетичарки) со нормална телесна тежина им беше даден високо-протеински оброк (45 проценти протеин), ниско-протеинска оброк (15 отсто) или никаква храна пред да вежбаат на справа со лента за трчање. Девојките кои јадеа високо-протеински оброк еден час пред вежбањето согоруваа повеќе калории во минута од девојките кои не јадеа ништо. (Немаше разлика помеѓу девојките од ниско-протеинската група и девојките кои постеа.) Дополнително согорените калории изнесуваа 185 калории во текот на следниот 24-часовен период.
Што значи тоа?: „Телото ќе користи повеќе калории кога имате дополнителни калории за трошење (на пример, после јадење)“, вели главниот автор на студијата, Ешли Бинс, докторант. Претпоставувајќи дека јадете иста количина вкупно дневни калории, дополнителното согорување на калории може да доведе до губење на тежината до 7 килограми во текот на една година. Иако постот пред вежбањето претходно се употребуваше како метод за губење тежина, телото ги разградува мускулите и/или мастите како извори на гориво доколку не јадете храна пред вежбањето, вели Бинс. „Ова потенцијално би можело да резултира со губење на мускулна тежина.“ А помалку мускули во крајна линија значи помало согорување на калории.