Нега и здравје

Како да ја определите вашата идеална тежина

Advertisement

Ги сакаме ставовите што Лејди Гага и Кристина Агилера ги имаат за нивната тежина во последно време.

Advertisement

Во основа, тие велат, „Еве како изгледам – и тоа ми се допаѓа.“ Прават добра поента: Исто како што Натали Портман никогаш нема да изгледа како Кристина Хендрикс и обратно, секој има своја идеална тежина која ги прави да изгледаат супер. Имајќи го тоа на ум, консултиравме експерти за тоа како да ја определите вашата идеална тежина.

Значи, која е вашата идеална тежина?

Advertisement

Тоа е, во основа, тежината кога сте најздрави. Кога ќе ја достигнете, изгледате и се чувствувате одлично и сѐ во вашето тело функционира како што треба.

Зошто таа е толку важна

Бидејќи толку многу работи се засегнати од неа. Кога ја имате идеалната тежина, вашата кожа е чиста, полни сте со енергија и прилично е лесно да ја оддржувате таа тежина. Плус, убаво е да немате стрес обидувајќи се да облечете фустан величина 38 кога знаете дека најдобро ви стои величина 42.

Малку математика…

Идеалната тежина е различна за сите, но таа обично се утврдува со индексот на вашата телесна маса (ИТМ), кој се пресметува врз основа на висината, тежината и полот. За повеќето луѓе, ИТМ од 25 или поголем се смета за прекумерна тежина, а ИТМ помал од 18,5 се смета за под нормалата, па затоа вашата цел треба да биде во опсегот 18,5 – 24. Овој калкулатор за ИТМ ќе ви помогне да го дознаете вашиот индекс.

…Но оставете малку простор за отстапувања 

За жал, калкулаторот на ИТМ не ја зема во предвид целата слика. Можеби сте слаби, но мускулести и имате висок ИТМ, на пример. Но, ако се обидувате да ја дознаете вашата идеална тежина без доктор, тогаш треба да бидете искрени кон себе се. Ако не сте биле во сала за вежбање со векови, а имате висок ИТМ, тогаш најверојатно ја немате вашата идеална тежина.

Не бидете роб на вагата

Сосема е нормално за еден човек да накачи или намали неколку килограми од ден на ден, особено ако сте имале солен оброк ден пред тоа. Во ред е човек да се мери одвреме-навреме, но нека не ви премине во редовна навика – ќе се изнервирате и за најмало покаување на тежината, а тоа ќе ве извади од такт.

Користете го тестот со фармерки

Ако јадете добро, правилно вежбате и го одржувате стресот на минимум, треба да сте во вистинскиот опсег. Но, ако забележите дека фармерките одеднаш ви се малку тесни и не сте во можност да вежбате толку многу како порано, слободно измерете се за да ја проверите тежината.

Само продолжете така

Друга причина зошто идеалната тежина е толку значајна: што може да се почестите тука и таму, а целосно да не излезете од рамнотежа. Само балансирајте ги слатките и грицките со здрава мешавина од зеленчук и овошје, зрнеста храна, житарки, посни протеини (како пилешко и јогурт) и здрави масти. Вашето тело ќе ви биде благодарно.

Извор: Nutritionist Stephanie Middleburg, RD; Nutritionist Keri Glassman, RD, Cosmopolitan

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button