Реклама
Модни совети

Црни панталони: Како да го изберете најдобриот модел според вашата градба на телото

Реклама

Црните панталони се маст-хев за секој женски плакар, па прочитајте како треба да ги изберете идеалниот модел за вас.

# АКО СТЕ ВИСОКИ

Маркетинг

Покажете и истакнете ги вашите долги нозе во лежерни, црни панталони со проширени ногавици. Тесниот горен дел ќе ги истакне вашите колкови, а ногавиците кои постепено се шират ќе ја нагласат должината на нозете. Можете да ги носите било каде, а посебно во деловни пригоди бидејќи се елегантни, иако истовремено изгледаат и опуштено и модерно. Кога сте високи можете да ги носите со ролки, широк ревер и полни ракави.

Маркетинг

# АКО СТЕ СО ПОНИСКА ГРАДБА

Кроп панталоните, чии ногавици се пресечени над зглобовите – нема да ја нагласат вашата висина, па дури и ќе изгледате повисоко. Вертикалните набори на предниот дел исто така ќе направат вашите нозе да изгледаат подолго. Исто така треба да избирате црни панталони од материјал кој визуелно ќе направи да изгледате повисоки.

# ШИРОКИ КОЛКОВИ

Ако имате широко колкови тогаш за вас најдобар избор се црните панталони кои рамно паѓаат од најшироката точка на колковите надолу. Тоа ќе направи вашите облини да изгледаат помали. Панталоните со широки ногавици кои можете да ги носите преку чизми, немаат голем ефект, но исто така се одличен избор за вас

# ОБЛИНИ

Ако сте плус сајз жена и имате големи облини, тогаш за вас се создадени панталоните со широки ногавици – тие како да се „лизгаат“ преку облините и вишокот, и визуелно ја прават половината помала, а нозете подолги. Драматична силуета на панталоните може и најобичниот горен дел да го направи да изгледа секси и модерно.

# СТОМАЧЕ

Класичните рамни црни панталони се идеални за комбинирање со сите парчиња што ги имате во вашиот гардеробер, а рамниот преден дизајн одлично ќе се вклопи со вашата половина, што преставува одлична потпора на средишниот дел од телото – стомакот. Избегнувајте панталони со фалти и бели широки панталони, бидејќи токму тие ќе го насочат вниманието кон проблематичниот дел од вашето тело, а тоа не го сакате, нели?!

# АКО СТЕ ПЛУС-САЈЗ И ИМАТЕ СТОМАЧЕ

Не премногу тесните панталони се одлични за вас бидејќи го кријат вишокот и со нив можете да порамните се што не ви се допаѓа, особено во пределот на колковите и стомакот. Избирајте памучни и панталони од полиамид. Можете да ги носите навечер со некој интересен топ или во комбинација со блејзер за деловни намени.

ТОП 5 ПРЕДЛОЗИ ОД TRGOVSKI.MK 

Astibo

Кликни тука и види ја цената на овие панталони »

Во продолжение погледнете ги и најубавите црни панталони од познатите македонски брендови „Astibo“ и „Linea Collection“ кои отсега ќе можете да ги порачате и онлајн преку новата интернет продавницата Tрговски.мк.

Linea Collection

Кликни тука и види ја цената на овие панталони »

Astibo

Кликни тука и види ја цената на овие панталони »

Linea Collection

Кликни тука и види ја цената на овие панталони »

Astibo

Кликни тука и види ја цената на овие панталони »

види повеќе »

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button