Депилација: како да ги отстраните несаканите влакненца со помош на брашно
Метода 2 Отстранување на влакненцата од лицето
Потребни состојки: 10 ml свежо исцеден сок од лимон, 1 шолја вода, 30 g брашно од леблебија
Измешајте ги убаво сите состојки да добиете хомогена смеса без грутчиња и нанесете ја на лицето. Оставете да се исуши петнаесетина минути и отстранете ја со крпа, со посилни движења во правец на растењето на влакната.
Депилација на влакненцата на телото
Потребни состојки: 1 белка, 1 лажица шеќер, половина лажица пченкарно брашно.
Од овие состојки ќе добиете појака смеса за депилација со која можете да ги отстранувате појаките влакненца од телото. Изматете ја белката со шеќерот па потоа додадете го пченкарното брашно и мешајте додека не добиете густа смеса. Нанесете ја смесата на сува и чиста кожа во правец на растење на влакненцата и оставете ја да се исуши па потоа отстранете ја со повлекување во насока спротивна од растењето на влакненцата. Со оваа метода се отстрануваат влакненцата од корен, така што резултатите траат подолго време.
Извор: mogujatosama.rs >>