Каја Гербер во издание кое им го препорачуваме и на нашите тинејџерки

Познатите манекенки имаат право кога се плашат од оваа тинејџерка
Каја има само 15 години, а веќе ги покори модните магазини. И тоа не само благодарение на нејзините гени (таа е ќерка на Синди Крафорд) туку и поради нејзиниот опуштен, но секогаш беспрекорен стил. Популарните манекенки како Кендал Џенер, сестрите Бела и Џиџи Хадид стравуваат од нејзиното појавување на модните писти, а Кендал дури еднаш отворено призна дека единствено се плаши од малата Синди која би можела да и ги преземе сите договори откако ќе почне да работи со полна пареа. Но она поради кое ја обожаваме оваа девојка дефинитивно се нејзините комбинации. Таа со што и да го носи нејзините бунтовнички чизми (кои сите ги обожававме на нејзини години, нели?) изгледа совршено.
Така беше и овој пат кога ги носеше со фармерки со висок струк, краток топ и секси кожен чокер со кој маестрално ја заокружи оваа фантастична комбинација.
Па, дали ви се допаѓа стилот на оваа девојка?