Celebrity

Каде е и како изгледа денес најпознатата љубовница во светот – сакаше да се самоубие, а потоа од пепелта израсна во лебед

Се соочила со огромни долгови и депресија, а во еден момент се обидела да си го одземе животот.

Advertisement

Поминаа 27 години откако Моника Левински стана едно од најпознатите имиња во модерната историја, не поради нејзиниот успех или достигнувања, туку поради аферата која засекогаш и го промени животот.

Моника имала само 22 години кога започнала афера со тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон, кој тогаш имал 49 години. Нивната врска траеше 18 месеци, а заврши во 1997 година.

Advertisement

Сепак, сè излезе на виделина благодарение на Линда Трип, поранешна американска државна службеничка, која тајно ги снимила признанијата на Моника за нејзината врска со Клинтон.

Нејзиното откритие предизвика светски скандал.

Скандалот кулминираше во 1998 година, кога беше започнат процесот за отповикување на Клинтон. Иако првично ја негираше аферата, Клинтон на крајот ја призна вината и се извини на јавноста, како и на сопругата Хилари, која му прости и застана на негова страна.

Advertisement

За Моника, сепак, животот стана неподнослив.

Таа стана мета на сурови шеги, јавно понижување и неизбежен медиумски линч.

Се соочила со огромни долгови и депресија, а во еден момент се обидела да си го одземе животот.

Со поддршка на семејството, Моника успеа да се издигне од пепелта на нејзиниот разурнат живот. Таа го продолжи своето образование и дипломираше во 2006 година на социјална психологија во Лондон.

Во меѓувреме, таа се испроба во модата, медиумите и разни други проекти, станувајќи посилна и поиздржлива.

Денес Моника има 51 година и живее на Менхетен. Работи во хуманитарна организација и се посвети на пишувањето, продукцијата и активизмот. Стана гласен застапник против насилството на интернет, особено вербалното и психичко злоставување.

И навистина изгледа преубаво.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Monica Lewinsky (@monica_lewinsky)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reformation (@reformation)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button