Ако сте еден од оние што до крајот на годината треба да добијат по 9000 денари и вашите газди не ви ги дадат парите, слободно тужете ги!
Право на овие пари имаат сите работници во приватниот сектор кои работеле кај истиот работодавач најмалку шест месеци во календарската година.
Според пресметките кои се темелат на просечната нето и бруто плата во Македонија, износот на К-15 за оваа година би требало да се движи од 9 до 13 и пол илјади денари што всушност претставува благо покачување во однос на минатата година каде што минималниот износ не надмина 9 илјади денари. Доколку фирмата не му исплати околу 8.500 денари на вработениот, и биде пријавена, ќе треба да плати казна од 1.000 до 4.000 евра по работник, а ако и по плаќањето на казната, газдата повторно продолжи да ја игнорира оваа задолжителна законска обврска, вработениот може да го тужи, по што тужениот ќе мора да ги плати сите судски трошоци, плус сумата предвидена за К-15. Рокот кој го имаат работодавачите за да го исплатат овогодинешниот надоместок за к-15 истекува на 31 декември, а голем дел од компаниите од приватниот сектор го чекаат последниот момент за да ги израдуваат своите работници. Меѓутоа, не е мал и бројот на компаниите кои минатата година не го чекаа декември за да ја извршат оваа исплата. Оваа година таков пример е компанијата Витаминка која што уште во јули исплати износ од 10.000 денари на основ К-15 на сите свои 570 работници.
Општиот колективен договор за приватниот сектор кој овозможува исплата на К-15 на работниците беше потпишан во 2013 година од страна на Сојузот на Синдикати на Македонија и Организавијата на работодавачи