Реклама
Култура[тор]

Јунаци од малите екрани

Реклама

Направивме листа на најголемите јунаци од малите екрани кои се имаат појавено во новиов ни 21 век.

Маркетинг

Дел од нив се сé уште присутни, а други се имаат ’пензионирано‘. Поточно, станува збор за главните ликови од најпопуларните, односно најгледани серии во светот – па од таму и кај нас. Но како напомена, мора да кажеме дека Јусуфите, Лалињата и слични фаци од турските серии не влегуваат во оваа листа – едноставно ние имаме интелектуален респекат кон нашите читатели, па затоа ако спаѓате во категоријата на оние кои (по некоја случајност) очекуваат да видат некој Турк во оваа листа, воопшто не губете си го времето и кликнете back, затоа што овде нема да налетате на такво нешто…

“DEADWOOD” – Al Swearengen

Маркетинг

alt

Долго пред Snoop Dog, Al беше дежурниот pimp, крал на ’забавната индустрија‘ на Дивиот Запад. Протобизнисмен, склон кон продажбата на бело месо, политички заврзлами и криминал. А пред ова си мислевме дека Ian McShane  засекогаш ќе си остане Lovejoy!

“CALIFORNICATION” – Hank Moody

alt

 Тоа сме сите ние! Да е барем малку така…David Duchovny се реши од прклетството на агентот Mulder од “X – Files”и одработи лик по кој еднакво ќе го паметиме. Духовитиот нихилистички женскарош со меко срце – дали навистина всушност се има глумено самиот себе?

 

“THE WIRE” – Omar Little

alt

Историјата на Тв-то е полна со црни badassmothafuckaz од онаа страна на законот. Благодарение на МТВ (каде што серијава имаше некој смешен превод) го видовме волку заебан gay gangsta со лузна преку фацата, кој подеднакво ги казнува и џандарите и своите колеги кои му се испречуваат на патот.

 

“MAD MEN” – Don Harper

alt

Со муцка како излезена од старите noir стрипови и ’олд скул‘, мачо гард, Jon Hamm во mainstream-от ги врати машката елеганција на скапи одела и кристални чаши со виски, а попатно не потсети дека тоа е маска за попатните проблеми.

“24” – Jack Bauer

alt

Keifer Sotherland беше сé! Од каубој до вампир, но засекогаш ќе остане запаметен по својот ТВ лик, салонскиот Рамбо и CIA агентот кој го популаризираше измачувањето со цел спасување на светот од злобните терористички sons of bitches.

“LOST” – Островот

alt

 Во најголемиот ТВ феномен на десетлетието, самиот тропски остров на кој од авион паѓаат седумдесет преживеани патници, беше најголема ѕвезда од сите присутни на него. Освен се разбира, самите краетори на серијата кои тој статус го добија откако го посраа нејзиниот крај.

 

“HOUSE” – Dr. Gregory House

alt

Надрканиот, интелигентен и проблематичен, но успешен лекар, можеби навистина é егзотичен за американската медицина. Но ние ги знаеме таквите типови од нашите македонски ординации и болници (само со помал IQ). Можеби затоа оваа серија и овој лик на Hugh Laurie е толку популарен во Македонија?

 

“DEXTER” – Dexter

alt

Сериски убиец со меко срце – баш како Robin Hood, кој ги пљачка богатите за да им даде на сиромашните. Michael C. Hall како психопатскиот форензичар Morgan Dexter, убива злобни за да не мора да ги убива добрите. И згора на сé, работи во полицијата. Америте и Hollywood навистина немаат никаков респект кон IQ-то на гледачите.

 

“THE OFFICE” – David Brent

alt

Еден наш пријател кој работи во една голема корпорација ни раскажа дека и во вистинскиот живот постојат вакви лигави шефови кои се прават паметни и глумат големи риби, а всушност се….жива беда. За среќа, во нашата фирма не е така.

 

“SCRUBS” – Dr. Cox

alt

Ако сте мислеле дека House е најнадрканиот немакедонски доктор било кога, морате да ја запознаете неговата sitcom верзија – Dr. Perry Cox. Оние кои го гледале на HTV, знаат дека стажистите слушајќи го него, ќе се изсчеличат и повеќе од доволно за да можат да ги пребродуваат тешките задачи на својот занает.

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button