Една од подобрите комбинации што сме ги виделе во последно време
Стилот на оваа Македонка многу не потсетува на познатата британска дизајнерка Викторија Бекам. И што е најинтересно и таа е дизајнерка. Станува збор за Јована Филиповиќ, една од нашите најпознати дизајнерки од помладата генерација која со нејзината последна колекција не освои потполно. Нејзиниот стил дефинитивно се истакнува и издвојува од останатите, а тоа можеме да го видиме и од овие неколку фотографии каде се служи со истиот трик како и Викторија – беспрекорен спој на елегантните, класични парчиња со модерното.
Таа дефинитивно важи за ИТ девојка која не само што ги создава трендовите туку и знае како да ги носи, впрочем како и поранешната Спајс-девојка. Јована на нејзината последна ревија се појави во бела, спортска маица која ја носеше со тесни црни панталони, црн сако-блејзер и шик високи потпетици од познатиот бренд Баленсијага.
Токму ваквите комбинации ги обожава и Викторија!
Колекцијата на Јована можете да ја погледнете тука >>
Фото: Ани и Дими