Реклама
Нега и здравје

Јога против Пилатес: Што повеќе ви одговара?

Реклама

Ајде да се соочиме со ова – светот е поделен помеѓу таборите на овие две вежби. Но, на кој табор би требало вие да припаѓате?

ЈОГА
Луиз Хачингс, професор по јога, ги споделува своите ставови.

Маркетинг

Придобивки:

– Енергизира
– Зајакнува
– Го смирува нервниот систем
– Ја зголемува флексибилноста
– Го зголемува чувството на среќа

Маркетинг

Кој треба да вежба јога?

„Постојат многу видови на Хата јога од кои можете да изберете. Некои од нив се навистина физички, некои вклучуваат повеќе повторување на мантри, а други се фокусираат повеќе на дишење и медитирање. Пред да почнете со час по јога, размислете што сакате да се добиете од јогата. Ова ќе зависи од вашето физичко здравје, подобноста и дури од вашата личност. Пробајте различни стилови и инструктори по јога пред да започнете со редовни часови.

„Aштана јогата (Ashtanga yoga) е совршена за оние кои сакаат да се фокусираат на сила и издржливост, како и на флексибилност и баланс. Јин јогата се фокусира на смирување на телото и умот, овозможувајќи им на мускулите да ја ослободат напнатоста. Како таква, таа е добро за почетници кои сакаат да научат добро држењето на телото. Бикрам јогата (Bikram) е стилот за вас доколку сакате детоксикација и потење! Таа е совршена за спортски типови кои сакаат уште повеќе да го усовршат држењето на телото.

Кој треба да избегнува вежбање јога?

„Секој што доаѓа со повреди на ‘рбетот, остеоартритис, остеопороза или било кои други физички проблеми треба да ги избегне подинамичните видови, вклучувајќи ја Аштана и Винјаса јогата (Vinyasa). Многу е важно да разговарате за какви било проблеми со вашиот инструктор за да видите дали часовите ви одговараат. Доколку одлучите да учествувате, никогаш не напрегајте се. Доколку имате некоја повреда или здравствен проблем, обидете се со полесен тип на јога или со терапевтска јога, која е одличен начин да зајакне, да ја олесни флексибилноста, да смирува и стимулира.“

ПИЛАТЕС

Лин Робинсон, ко-основач на Body Control Pilates, ги споделува своите ставови.

Придобивки:
– Го подобрува држењето на телото
– Поефикасно дишење
– Издолжена, тесна силуета и цврсти мускули
– Подобра рамнотежа и координација
– Подобрена мобилност на зглобовите
– Подобрена сила и флексибилност

Кој треба да вежба пилатес?

„Луѓето кои се најпогодни за пилатес, обично, се оние кои се во потрага за подобра конструкција и градба. Пилатес е дисциплина и тоа, најверојатно, кажува сè. Се бара одредена посветеност и треба да вежбате редовно за да ги ожнеете придобивките.”

Кој треба да се избегнува пилатес?

„Секој кој е нетрпелив и е во потрага по брз лек ќе биде разочаран. Постојат некои медицински состојби каде пилатес вежбите не се соодветни, што е причина секој добро квалификуван инструктор секогаш да инсистира на добивање на согласност од лекар ако искрсне сериозна медицинска состојба при запишувањето.“

Извор: marieclaire.co.uk

Поврзано

Back to top button