Реклама
Култура[тор]

J Lo со нов сингл

Реклама

„Проверете го новиот сингл на атрактивната Jennifer Lopez, кој е претходница на новиот албум кој треба да излезе кон средината на тековната година.“ Инаку со издавањето на овој сингл – “On The Floor” , J Lo се враќа во Top 10, од листата на Billboard, Top 100, после цели 8 години. Во самата песна учествува и раперот Pittbull, а во продукцијата на песната главен збор има (а и на работата на самиот албум) Red One (кој се смета за главен „виновник“ за успесите на Lady Gaga). 

Музичката кариера на J Lo беше поприлично „изладена“ , нејзиниот последен сингл кој котираше високо на топ листите, беше во 2003 – та, кој го направи во соработка со LL Cool J, “All I Have”! Овој албум треба да биде големо освежување во нејзината кариера и се очекува да ја врати повторно во центарот на вниманието. 

Маркетинг

Самиот сингл беше премиерно промовиран на шоуто American Idol, каде Jen е еден од судиите. Во песната, како лајт мотив е земена познатата мелодија од “Lambada”, со што, како и често пати до сега, се акцентира latino призвукот кој é и би требало да биде, есенцијален дел од самата нејзина појава. Погледнете го видеото, па сами заклучете што и како да очекувате од нејзиниот албум, за два – три месеци!

Маркетинг

{youtube}t4H_Zoh7G5A{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button