Јас те избирам тебе. И после сто животи, пак би го направила тоа
Те избирам тебе. Не само на еден ден, туку засекогаш.
Те избирам тебе. Не само на еден ден, туку засекогаш. Во овој живот или во кој било друг, твојата душа е онаа која ќе сакам да ја пронајдам. Твоето срце му е судено на моето срце. Се чини дека животот околу мене се врти премногу брзо, давајќи ми надеж да верувам во нешто поголемо од мене и во нешто што никогаш не сум вистински го планирала – тебе.
Се чини дека не постои вистинско време за љубење
Љубовта секогаш пристигнува во вистинскиот момент. Никогаш не знаеме каде би требало да бидеме и каде ќе завршиме, но не треба да заборавиме да живееме. Јас те избирам тебе, зашто истовремено и ми го одземаш здивот и ме потсетуваш како треба да живеам.
Никогаш не мислев дека ќе мора да одберам љубов, ниту пак дека некогаш ќе те изберам тебе. Но. сѐ додека живеам, јас ќе останам со тебе. Како што минува времето, чувствувам како изборот да те сакам е создаден токму за мене. Моето срце сѐ повеќе е уверено дека ти си вистинскиот за мене. Како да не те сакам? Тоа никогаш не е во моите опции. Те избрав токму тебе, уште пред да сфатам дека навистина те сакам. Животот ретко излегува онака како што го замислуваме, а завршува токму така како што е судено. Јас не можам да седам овде и да предвидам што ќе се случи за еден месец, но со сигурност можам да кажам дека ќе продолжам да те сакам. Одбирам да бидам покрај тебе, зашто не постои некој друг покрај кого би сакала да бидам. Дури и во средина на најжестоката кавга, знам дека и понатаму ќе те избирам тебе, зашто никој друг не ми пружи ваква утеха и чувство на топлина.
Неколку совети кои ќе ви помогнат да доживеете оргазам >>
Постојат уште илјадници на овој свет кои никогаш не сум ни ги запознала ниту сум ги открила, но јас и понатаму избирам да бидам само со тебе. Не треба да знам сè за да сфатам дека ти си оној што го сакам. Те избирам тебе зашто ти ми покажа како да сакам безусловно. Можам да ја почувствувам твојата топлина и твојата душа дури и да сме премногу оддалечени. Те избирам тебе поради она што ме правиш и она што ќе станам благодарение на тебе. Те избирам тебе затоа што ти си мој единствен.