Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Кога и да ги повикате, Јарците секогаш ќе бидат ваше рамо за плачење

Реклама

Личностите родени во овој знак се подготвени на се’, кога е во прашање некоја блиска и сакана личност. Слободно може да се каже дека Јарците никогаш не се откажуваат од работите кои им се важни. Тие се родени за да бидат борци и на секој начин настојуваат да им бидат од корист на сите.

ФОТО: wsupportw.com.au

Никој на овој свет не знае да сака како што тоа го прави Јарцеот. Кога ќе се заљуби, подготвен е да му го сврти грбот на целиот свет ако смета дека така е најдобро за саканата личност. Но, исто така умее да се сврти и да замине, ако сфати дека не е сакан онака како што очекувал. Едноставно умее да простува и да долерира многу, но кога ќе му дојде „преку глава“, нема назад. Овој хороскопски знак умее да биде силен дури и тогаш кога му е најтешко, но не му е срам и да плаче пред другите кога се’ ќе помине. По ова е многу специфичен. Она што мора да се нагласи дека личностите родени во овој знак не се лоши. Баш кога ќе ви се чини дека се’ пропаднало и дека ништо нема цел, Јарецот ќе ви докаже дека можете да се издигнете од секоја ситуација. Постојано докажува колку е силен и дека е роден за да биде победник. Несомнено е дека Јарците се одлични пријатели, па секогаш можете да ги повикате кога ќе ви треба рамо за плачење. Без разлика дали е наутро или на полноќ.

 

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button