Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Јарците умеат да сакаат, но се плашат да ги покажат своите емоции

Реклама

Да се сака еден Јарец не е лесно, затоа што ним љубовта не им е најважна во животот. Сигурноста, статусот и кариерата се работите кои Јарците ги ставаат на прво место. Дури и жените Јарци честопати предност ѝ даваат на кариерата.

ФОТО: success.com

Да се сака еден Јарец не е лесно затоа што Јарецот се плаши од љубовта. Љубовта го прави човекот онаков каков што Јарецот не сака да биде. Заљубените честопати се однесуваат несериозно, а Јарците пред се’ ја ценат сериозноста. Иако за Јарците се вели дека се ладни како карпа мраз, сепак, тоа е далеку од вистината. Не дека Јарците не умеат да сакаат, туку само се плашат да ги покажат своите емоции. Многу се горди и тешко поднесуваат одбивање. Затоа, Јарците се особено внимателни кога покажуваат љубов.

Иако во речиси се’ се упорни, Јарците може да се откажат од љубовта уште веднаш ако сфатат дека се грубо одбивани. Овие луѓе се несигурни кога е во прашање љубовта, затоа што тоа едноставно не е нивен терен. Да се биде сериозен, воздржан и строг – тоа го умее Јарецот, но не умее лесно да се опушти, да биде весел и заљубен.

Маркетинг

Освен тоа што на Јарците им е тешко да ја покажат љубовта, тие и тешко примаат љубов. Премногу внимание и нежност ќе направат да се почувствуваат несигурно. Луѓето родени во овој знак не се заљубуваат лесно. Обично доста прибираат додека не пронајдат партнер кој им одговара, а на крај, нивните врски се сериозни и долги. Јарците најчесто избираат партнер сличен на себе.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button