Реклама
MAMAКафе муабет

Извинувајте се почесто, со тоа ја лекувате својата душа

Реклама

Пред секое извинување стои емоционална подготовка и малку храброст. Но, луѓето кои успеваат да се извинат, живеат подолго. Личностите кои можат да го изговорат зборот „извини“, имаат помал крвен притисок, што долгорочно го намалува ризикот од срцеви заболувања.

ФОТО: abcphoto.com

Вистинската вредност на извинувањето е во замена на негативните чувства со позитивни кон оној кој не’ повредил. Извинувањето е процес, а првиот чекор е цврста одлука. Но, психолозите сметаат дека импулсивното опростување може долгорочно повеќе да штети, отколку да користи. Со извинувањето треба да прифатиме дека сме згрешиле и да покажеме добра волја. Психолозите советуваат ситуациајта да се разгледа од повеќе агли, затоа што така најлесно ќе простиме.

Моќта на извинувањето ја лекува душата и нуди нов почеток

Луѓето кои поради лутина и огорченост се заробени во негативни емоции, не можат да уживаат во животот. Освен тоа, дополнително се врзуваат со луѓето на кои им нанеле болка, затоа што продолжуваат да живеат во мислите и сеќавањата. За да се ослободите од болката, потребно е да простите, а тоа не значи дека односите мора да ги подобрите. Простувањето ќе ве ослободи, а понатамошниот чекор е размислувањето за тоа дали сакате на тие односи да им ставите дефинитивен крај.

Маркетинг

Со простувањето се живее полесно

Се простување, нема исполнет живот, а се живее во минатото. Психотерапевтите откриваат дека личностите кои немаат простено најлесно се препознаваат по тоа што секаде гледаат нешто негативно. Најважно е да сфатиме дека сите грешиме и дека никој не е совршен. На тој начин ќе си помогнете себеси да простите. Но, ако вам некој постојано ви наносува болка, тогаш размислете дали простувањето е воопшто потребно.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button