Реклама
MAMAКафе муабет

Изнајмете момче кое ќе ве фотографира на вашето патување

Реклама

Кога патувате некаде, покрај другото, сакате да се вратите и со спомени во облик на фотографии кои секогаш ќе ве потсетуваат на прекрасната локација која сте ја посетиле. Ако покрај тоа имате и Инстаграм профил, тогаш сигурно сакате тие фотографии да бидат совршени во секој поглед.

Најлошата работа која може да му се случи на еден љубител на позирањето и фотографирањето за социјалните мрежи, е со себе да нема никој кој би можел да го фотографира. Но, во Рим одлучија да стават крај на овој проблем, Всушност, во главниот италијански град може да изнајмите инста-момче и фортограф кој ќе ве прошета низ Рим и ќе се погрижи вие од вашето патување да се вратите со една грижа помалку – прекрасни и професионални фотографии. Рим е меѓу најфотогеничните места на Земјата, а тоа е доволна причина за лансирање на турата „Insta Boyfriend Rome“.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BrGdcuXBqNe/?utm_source=ig_embed

 

Маркетинг

Доколку одлучите да издвоите 599 евра за оваа опција, од Рим ќе се вратите со совршени фотографии од најубавите и најпознатите градски локации. На турата ќе ви се придружи фотограф кој зборува англиски, како и приватен возач со автомобил, кои ќе се погрижат како спомен со себе да понесете квалитетни фотографии.

https://www.instagram.com/p/BUw7Y7jAjuw/?utm_source=ig_embed

 

Турата трае 3 часа, а со себе слободно може да понесете и торба со што е можно повеќе модни комбинации.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button