Реклама
Интервју

Изгубив доверба во неколку личности, но 2023 беше ФАНСТАТИЧНА ГОДИНА, искрено со водителот Ване

Сакам да фотографирам. Тоа е нешто за кое ретко сум зборувал. Подобра медитација од тоа за мојот мозок нема, вели Маркоски.

Реклама

Тој е популарно тв-лице, миленик на голем дел од јавноста. Имате можност и прилика со него да се расонувате на националниот сервис, Ване Маркоски, водител за мерак!

Ване е одмана на телевизија и одлично ја врши својата работа, но малкумина знаат дека тој нема завршено новинарство и може да работи нешто сесоема трето за што се образувал факултетски. Во интервјуто подолу открива што е тоа.

Маркетинг

Со Ване зборувавме за многу нешта, го прашавме и како се мотивира да биде во толку фит форма. А за Галмур.мк открива и по што ќе ја памети 2023 година.

Уживајте во разговорот со прекрасниот и шармантен Ване Маркоски.

Маркетинг

Раскажете ни што сè правите за да имате така извајано тело?

Благодарам 😊 Се трудам да балансирам со се. Околу исхраната и течностите исклучив само вештачки шеќери, сокови, грицки, поховани работи , бел леб. Вежбам по 6 пати во неделата. Пливање и мултуфункционален тренинг. Тоа е комбинацијата која не би ја заменил со ништо. Кога е убаво времето, комбинирам и возење велосипед секоја сабота на Водно. Велосипед, сонце и првото утринско кафе таму ми ги полнат батериите за целата следна недела.

Почитувам и практикувам уште еден супер спорт, веслање со SUP даска, највеќе одиме на езерото Козјак. Веќе извесно време практикувам да се бањам со ладна вода, а тој избор мојата кожа мислам дека го „благословува“, гледајќи ги промените. Да не зборувам за останатите придобивки…

Што или кој ве мотивира за да бидете послушен кога се работи за редовно вежбање?

Се мотивирам самиот себеси.Убаво е да си правите фотки од првиот ден кога ќе решите да направите промена. Потоа со секој нов мал резултат, правете си нова фотка, потоа споредба. Ова е само еден начин, ако зборуваме за физичкиот изглед, но кога на себеси ќе почнете да ги чуствувате и промените во целокупното психо-физичко здравје, тогаш верувајте нема поголема мотивација од тоа. Водете си на пример дневник каде на дневна база ќе си ги пишувате настаните и чувствата кои ви се случуваат. После една година направете споредба со тоа што сте го пишувале пред една година и денес.

Кога зборуваме за здрави животни навики, свесен сум дека кај дел од луѓето наидуваме на потсмев, но верувајте на 36 години воошто не ми е важно тоа, затоа што знам што правам и зошто го правам тоа. Едно е како се гледам јас во оваа фаза од животот и како сакам да живеам со текот на времето. Важна ми е среќата што ја чувствувам кога отворам очи наутро, а ваквиот начин на живот има голем удел во тоа.

 Како ќе си го опишете сопствениот стил на облекување?

Јас и мода сме два различни поими. Брзо купувам, немам нерви за долги шопинг прошетки. Фан сум на патики. Дома ги имам премногу. Сакам спортски изглед, практикувам street fashion, па дури и кога треба да направам некоја покласична комбинација, разбивам со нешто кое би било поразлично.

Зборува ли облеката за човекот Ване?

Слободата е за човекот. Колку е човекот послободен, толку е посреќен. Колку е посреќен, толку повеќе знае да си ја носи и облеката која е негов стил.

Вашата професија нуди можност да се сретнете со многу видни личности, многу популарни, кое интервју ве прави најгорд на себеси?

Многу интервјуа се тоа. Многу емисии и години. Од пејачи, глумци, актери, политичари, но најдраги ми се кога ги снимам приказните од луѓето кои со своето дејстување и работа ги менуваат општествата.

Сум имал многу драги интервјуа, еве на пример сега последно за документарниот магазин „Приказна“, на кој шо работам 3-та сезона по ред, снимав со човекот кој за мене е херој, борец, тоа е Игор Јуриќ, таткото на Тијана, девојчето кое беше свирепо убиено во Србија во 2015 година. Од сета болка да успееш да се издигнеш и денес да бидеш од корист на овие општества само кажува многу за храбоста на тие луѓе.


Со кои јавни личности се дружите и приватно?

Одамна не сум дел од тој свет, приватно. Си направив дистинкција од тоа што ми е работа и моја приватност. Имам две колешки од Канал 5 и две од МРТ со кои сме многу блиски. Тука се и неколкуте пријатели кои немаат врска со нашава јавна професија, а со кои си поминуваме квалитетно време заедно.

Дали сте заљубен? Вешто ја криете вашата приватност од очите на јавноста. На што се должи тоа?  😊

Убаво ми е и среќен сум. Тоа е дел од животот кој си го чувам само за себе.

Дали постои некој скриен талент кај вас, за кој јавноста не знае?

Сакам да фотографирам. Тоа е нешто за кое ретко сум зборувал. Подобра медитација од тоа за мојот мозок нема.

Што би работеле доколку не бевте водител?

Па, не знам. Можеби нешто поврзано со маркетинг или менаџмент, според моето образование.

По што ќе ја паметите 2023 година?

Фанстастична година. Сите кои ги сакам ми беа здрави. Јас исто здрав и среќен. Изгубив доверба во неколку личности, но тоа го гледам како позитивно нешто, бидејќи „детоксот“ е потребен и на умот и на телото. Стекнав неколку нови пријатели.

Во 2023 имав супер патувања. Многу малку искушенија. Супер моменти со моие три кученца. Селидба, многу нови работи. Година на убави промени и многу љубов.

Што си посакувате за 2024 година?

Да сме здрави и да привлекуваме супер карма. Се сами си креираме со мислите и мозокот. Само погледнете околу вас и одлучете какви сакате да бидете во годината која е пред нас.

Погледнете како живее еден ум полн со завист, омраза, а погледнете ја и обратната ситуација и донесете одлука.

 Каде ќе ја дочекате Новата Година?

Неколку дена ќе бидам во Белград, потоа Нови Сад, па во Темишвар – Романија. Со пријатели ќе си направиме една убава тура, во неколку дена, затоа што си заслуживме за се убаво што си приредивме овие 12 месеци.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button